Не е тој од прва помош, тој е Мирчевски од неврохирургија, а овој од судска медицина-Златко, искрено вака на предавањата и на една работилница шо сум бил како океј чоек изгледаше ама се е можно не ме чуди. Има некои поплаки?
Имаше катедрата едно правило прв понеделник во месецот се земаја оцени е сега можеби имат нешто со пандемија сменато
нели медф нема проверка на знаењата? зошто во пријавниот лист го има тоа на крај? или тоа само треба да го игнорирам?
Дали исчезнуваат документите што сме ги прикачиле на iknow ако потоа излеземе од електронската пријава? Зошто претходниот пат кога пополнував, линиите околу полињата за прикачување беа зелени, но кога денес отворив повторно не се. Или нема тоа врска? П. С. Листата со датумот на прикачување е сѐ уште тука.
Си стојат прикачените документи сините полиња се доколку сакаш да прикачиш замена за веќе прикачен документ
Здраво, имам едно прашање околу смеровите, планирам да се запишам или за лаборант или за радиолошки технолог, а имам завршено медицинско средно како лаборант. Кој од овие 2 смера е полесен да речеме за учење?
Радиошки технолог е полесно. Неспоредливо е со нашава струка. Општо курикулумот е потежок а материјата која треба да се совлада е нова и се учат предмети како имунологија , хистологија , молекуларна биологија , хемија и биохемија што според мене бараат преднзнаења за да се совладаат. Тоа што го учевме во средно ( и јас завршив средно за лаборант) е мал дел од ова сега на факс. Ако бараш полесно да пројдеш не се запишувај на смеров. Доста од катедрите немаат соодветна литература и ќе учиш од книги за општа медицина и од други извори (бидејќи е релативно нов). Многу од колегите што се запишаа сега не можат да фатат услов за втора и останаа со 2-3 условни во августовско/септемвриска сесија бидејќи мислеа дека ќе пројдат лесно и со прашања а добар дел од катедрите ги менуваат прашањата секоја испитна сесија. Ако те интересира нешто друго за смеров прашај, јас сега завршувам прва година.
Ахам, бидејќи се двоумам помеѓу овие 2 смера, барав информации за кој како смер да запишувам па налетав на форумов, ама ете некако знаев дека е потежок за лаборант со оглед на предметите што ги имавме во средно (биохемија, клиничка хем, аналитичка хем, хематологија итн..). Фала ти многу другар за информацијава!
Не, добив маил само на кои адреси се пуштаат дополнително документи за уписов , а никаква друга потврда.