Пишуваше и во самиот систем поради некои си безбедносни причини фајловите не можело да се отворат иако се прикачени
Genetika mi ima ostanato samo usniot ispit za polaganje, sakam da ve prasham dali profesorite mozhe da postavat prashanje i od kolokviumite? I od dvata praktikumi na shto najveke da obratam vnimanie? Dali baraat mnogu detali?
Повтори го материјалот од учебникот пак, ние коа имавме усно пред короната влечевме комбинација од 3 прашања имаше прашање од учебник и од практикум. Практикумот од педијатрија мислам беше тој е лесен, често родословно дрво знаат да дадат, а другиот техниките барем да ги знаеш за што се и како се изведуваат.. Колку што памтам
Да, не потпрашуваа и од колоквиуми, а и едно прашање од теорија беше, едно од практикум. А од практикуми се може да ти се падне, цели наслови на вежби се влечеа, се зависи шо среќа имаш да извлечеш. Не замараат со детали, супер беше испитот.
Фала ти! Па тогаш како ќе знаеме дали сме ја испратиле правилно апликацијата и мејлот? Или дали воопшто се стигнати?
Ако не положам сега условни предмети дали ке можам да запишам следен семестар и предметите од тој семестар ке ги полагам или само ке ги слушам додека не положам условни?
Ти ќе можеш да запишеш следен семестар, но нема да можеш да ги запишеш и слушаш сите предмети. Пример, ако не положиш анатомија 2, во трет семестар нема да можеш да слушаш физио 1 и анатомија 3, но ќе можеш да слушаш статистика, имунологија, биохемија 1.
Ако следниот семестар има предмети шо не влечат услов ќе можеш да ги запишиш(да запишеш семестар), а тие шо имаат услов не. Прво ќе треба да ги положиш условните, а потоа тек нареден зимски семестар ќе слушаш тоа шо влечело услов, а не си го запишала(доколку положиш секако).
Има ли некој што е на логопедија? Да ми објасни поубаво - кои предмети се изучуваат и слично? Фала ви однапред
Леле што е со резултатине анатомија, испопаѓаја деца што знам дека стварно многу учат и висок просек имаат и се...
Некој да полагал комисиски Анатомија 3 завршен испит? Да ми објаснете од технички аспект што треба да се направи и како оди полагањето општо?
Јас немам полагано али познавам колеги што полагале. Мораш првин во деканат да го пријавиш дека сакаш комисиски во рок од 24h. Комисијата е составена од 3 професори меѓу кои не е онај кај кој си полагал. Првин се полага комплетен испит писмено, па потоа усно. Вака беше пред некоја година дали е менато нешто нека кажат колегиве
Зависи од конкуренција, може да има малку запишани со над 99, нема врска тоа, различно е секоја година. Тешко веројатно е 70 души да имаат преку 99.
Број на сведителства е колку сведителства приложува, во наш случај 4. А за другото не знам. Инаку А1 образецот треба да се пополни ракописно или печатно или нема врска?