Не полагав јас кај неа, ама колеги кои полагаа пред мене, ми кажаа дека доста барала, реагенси, милилитри, ама нека каже некој што бил кај неа, ова не е мое лично искуство.
Во полето награди за пријава за упис да ги прикачам наградите од натпревари ли? И од каде да знам дека нема да стојат сите слики или само последната прикачена?
Не е ептен строга, ама бара знаење. Вежбата бараше од А до Ш да се знае се и нешто ако заборавиш да кажеш, таа ќе те врати да го кажеш. Исто прашуваше од колоквиумите работи, ама ако добрo ти биле спремени колок, нема да имаш проблем да и ги одговориш прашањата. Инаку, професорката е коректна и ако види дека ти е добро совладан матерјалот, нема да те испрашува долго. Исто така, дава да си направиш концепт. Со среќа
До сите апликанти , сакам да прашам за сигурно дали целата процедура на овој уписс е, пријавување и пополнување на ајноу апликацијата со се прикачување на документите и со бројот во сабџект испраќаме на потребниот маил, документите дипломата, 4те свидетелства, изјавите и двете уплатници, извод и државјанство, а на маил се испараќаше и А1 образецот ...? Точна сум? п.с. Дали уплатниците има врска дали се преку смс уплатени или в банка и скенирани како доказ платени?
Една ти е 300денари за факултетот а другата 50 денари административна таксена марка која може и преку СМС да се плати
Некаде на форумов прочитав дека административната такса е укината и дека нема потреба да се уплати па затоа ме збуни
Не знам за тоа. Од книжара ми рекоа се плаќа и уплатница ми даде и плус и други уплаќале за ова кој преку уплатница кој преку СМС.