Сите оние кои сакате да студирате на медицина, а нема да ве примат напишав претходно алтернатива. Ако навистина имате желба. Јас кога полагав матура немаше препишување. Оваа година не ме чуди да беше полесна матурата и плус скратен материјал затоа можеби се високи поените
Па не е толку чудно и да има многу со по 97/8/9 бодови бидејќи оваа година се препишуваше многу плус еден екстерен помалку ништо чудно се е можно.
A dali e izvodlivo toa so stomatologija?Mislam sigurno moze od tamu da se preflish na medicinski bez da se izgube godina?
Тешко дека во голем број ќе биде тие што право ќе потрчаа за Штип некој заради финансии некој заради далечина а има и такви што сакаат баш во Скопје да учат божем овие што конкурираат во Скопје не знаат дека под 90 поени нека биде, немаат шанса за влез ама пак конкурираат и тоа ги има и со по 75-80 бодови
Ако има слободни места ќе има втор уписен рок лично сметам дека нема да се пополнат сите квоти на стоматологија и ќе има 2 круг
Досега имало секогаш втор уписен рок. И со помалку поени се влегва за разлика од медицина. Помала е заинтересираноста
И мене не ме чуди фактот што има голем број на пријавени со над 95-96 бода. Годинава матурата, како што кажувате, се пoлагала со 2 екстерни и со скратен материјал, плус се препишувало. Идниве студенти лани биле трета година, онлајн, пак на крај ради ситуацијава завршиле голем број од нив со 5.00 просек...
Иако полагавме два предмети , тие два носеа 12бода, односно 24 за двата , и кога ни намалија на ранг ни одзедоа многу поени , истите поени што беа во 3есктерни предмети ги распоредија на 2 и затоа многу лесно паднавме со поени , односно само рснгот одземаше 3-4 бода .
Грешка си, вас 24 ви носеа екстерните, 12 интерните (вие 12 поени на еден екстерен). Ние бевме 30 екстерни и 6 интерни (ние 10 поени на еден екстерн). Од стар имате 6 поени плус, а 4 минус на екстерните, што пак испаѓа 2 плус да имате сите.
Да така е , 30 екстерните ви носеа и 6 еден интерен , проектна 4, кај нас од стар имаа скоро сите двата интерни 5ки(12) бода , и 4 проектна 16, ама цела ''тежина'' беше на два предмети распоредена 12 бода од кои со секое минимално снижување на ранг се одземаа многу бодови , јас знам другарка со сите 5ки од средно една петка со минимален ранг и една 4ка со по низок ранг има 93бода , 7 бода заради една 4, што заради глуп систем ќе не може да влезе на медицина а има желба , можеби и јас нема да можам со 96 којзнае , во секој случај не е убаво ни начинов на упис ни бодови ни образование , а кој знае натаму што не чека во Македонија
Сакам да се надоврзам на девојчево , нема потреба од не официјални информации и заплашување , логично ,на првата објава велиш дека тие со 96 може да не влезат а потоа дека со 91 поен си 450 на листа и притоа прашуваш за професорите на медицина како да се поставиш кон нив, кога знаеш дека не си примена? Мислам дека форумов поседува многу несериозни корисници.
Јас мислев дека тие со врски дополнително ги примаат со проширување на квотата а не дека деца со поени извисувале, аааа добро е , одиме напред значи
Мислам дека зависи од тоа кај кој професор си. Лично мене претежно од делот за завршен испит ме прашуваа, само 1 2 потпрашања имав од колоквиумите, но баш главни работи, во склоп со материјалот за завршен испит.