Мене не ме праша ништо од колоквиуми колку што памтам, евентуално нешто ситно, во склоп на материјалот кој го одговарав. Кај проф. Кафтанџиева бев, професорката е одлична.
Не знам која е поентата да се шири страв тука за уписите. За 2 дена е 3ти септември ќе увиди секој кој колку има шанси за прием. Btw и ја сум со 3 соодветни интерни предмети и не знам дали се вреднува дополнителниот, ако некој знае нека каже.
Колку што знам не испраќаат меил дека ги примиле документите и слично единствено може да те контактираат ако има некој проблем/грешка или пак да се дополни нешто.
Мислам дека не се вреднува дополнителниот предмет, поени пресметуваат од 2 интерни и екстерни проектната и успехот од четирите години исто така и наградите ги вреднуваат ама изгледа беше ако има повеќе кандидати со исти бодови
Па не знам ја без трет интерен и наградите имам 99,241 бод. Се надевам на државна квота, ваше мислење околу тоа? Награди испратив 3 од хемија и 1 од физика за освоени места на државни и меѓународен натпревар.
Не знам што ти е поентава... Јас искрено мислам ако сите 200 кандидати се со 100 поени, за жал немаш некои големи шанси...
Се зависи од конкуренција не сакам сега да давам лажна надеж се е можно ама со овие поени мое мислење е дека имаш огромни шанси за државна квота Имаше праќано некој листи од минатата и таа пред нејзе години и од што ги погледнав 99 поени ти е реално државна квота
Немам никаква поента ама подобро е да се праша, вие сте постари и имате искуство околу тоа сте поминале низ тоа. Прашувам оти многу невистини се шират тука од “сигурни извори“.
И јас имав исто поени како тебе, во 2019, и бев 15та во државна квота, а ако не сум грешка, 70 се примаат во државна, не гледам причина зошто не би бил примен.
Мирно спиј шанса нема да не си примен во државна. Награди и дополнителен интерен не се вреднува, тоа мислам е само ако ист број на поени се погодат и да се одлучува кој да се прими кој не, што пак е скоро невозможно.
Усно се одговара пред тричлена комисија. Немам полагано комисиски но знам од колеги што полагаа. Професорот кај кој имаш полагано усно, не смее да биде во комисијата и да присуствува на полагањето, туку те испрашуваат други тројца професори. Мислам дека професорите ги одредува деканатот, не катедрата (или сите тројца ќе се од анатомија или 2 кои сигурно мора да се од таа катедра, а третиот член мислам може да биде и од "сродна" катедра ајде да кажам Хисто или Физиологија). На комисиски усно се одговара само и оценката што ќе ја добиеш комисиски е конечна, немаш право ако во иднина сакаш да поништиш да го поништуваш тој предмет т.е таа оценка. Сигурно инфо од колешка е ова, таа има полагано комисиски Анатомија 2 (зошто беше падната кај Стратеска) и положи. Така да ако имаш учено пријави си, не слушај мубети од типот професорките се поврзани меѓусебе, намерно ќе те паднат и такви слични работи. Исто така треба соодветна сума да уплатиш на жиро сметка на деканат за комисиско полагање. За сумата прашај најубаво која е, колешкава не се сеќава.
Само да се надоврзам, 1000 денари треба да уплатиш на жиро сметката на факултетот. И мора да пријавиш комисиски во рок од 24 часа. Само зезнато е што и колоквиумите положени ти се поништуваат на комисиски и мора се да полагаш одново.