Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.405
    Допаѓања:
    12.854
    Пол:
    Машки
    Навистина ми е жал. :(
    Те сфаќам скроз… и јас бев средно медицинско и јас имав речиси идентични поени како твоите 96,4. Немој да се демотивираш и пред сѐ немој да мислиш дека сите овие шо ги примиле заслужиле да бидат примени. Како шо кажаа некои колешки поназад, уште по првиот семестар сѐ ќе излезе на виделина и многу ќе се откажат, а го зафатиле местото на некој шо долго време сакал да го студира ова.

    Ахх, колку расипана држава сме. :x
     
    На Alexx_, chocolateheart, Glowy и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Еднаш помини ја книгата за секој случај. Мене конкретно двете прашања ми беа од практикумите. Потпрашуваат нешто во врска со прашањето доколку си испуштил нешто да кажеш.
     
  3. indiga

    indiga Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Јас пак некако сфатив дека во зависност за која група за стипендии аплицираш, требало мах 1 или мах 2 неположени да имаш вкупно, но изгледа грешам
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anti-madridista

    anti-madridista Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Морам да искоментирам, имам колеги што завршиле средно медицинско исто како тебе, па ми кажувале дека не знаат ништо поише од теорија од тие што завршиле општа, и дека не е исто тоа во средно што го учеле и тука на факултет шо се учи. Може само во практика да се подобри. Така, не ги ставај во ист кош сите од општа што учат редовно на факултетов и имаат знаење и не префрлај вина на нив.
     
    На Glowy, glosipgirl, dahlia_desire и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    16.523
    Пол:
    Женски
    Само приемен е спасот. А ова е сериозно страшно, со оглед на тоа колку неписмени имаме како генијалци.
     
    На chocolateheart, Glowy, dahlia_desire и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Тоа е за студенти на факултети кои годишно имаат помалку од 10 испити
     
    На Glowy и indiga им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Јас бев од средно медицинско, имам многу голема основа, ама таа основа повеќе ми се најде на почетокот, со тоа што ми беше релативно познато тоа што го учев, а на гимназијалците им беше потешко да се снајдат. Ама нема врска тоа, се помачија можеби малку повеќе на почеток, ама тие што си учат, си положуваат, и сега немаат никаков проблем. Нема потреба од такви дискриминации, не значи дека ако е некој од средно медицинско, по дифолт треба да има предност пред некој од гимназија.

    Предност треба да имаат тие што учат, ама за жал, во нашава држава, и со нашава матура, деца кои стварно учат, на крај ќе бидат одбиени, а тие што книга не чепнале, ќе им ги фатат местата. Ич не е фер, на олку луѓе со олку јаки поени, треба да се воведе приемен испит, па да се види кој навистина го заслужува местото.
     
    На Alexx_, chocolateheart, Glowy и 13 други им се допаѓа ова.
  8. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Само што сакав да искоментирам буквално зборот ми го зеде хаха. Тоа што некој има завршено средно медицинско не значи дека е посупериорен од некој од гимназија. Во овие две години на факултетот баш напротив ми се покажа дека колегите кои се од гимназија многу повеќе се трудат на факултетот од оние во средно медициснко, пошо немаат до сега учено стручни предмети и се трудат да ги совладаат дури и подобро до оние кои имаат средно мед. Така да, супер е тоа што колеги има со средно медицинско, но сепак не треба да се потценува трудот на колегите од гиманзија.
     
    На Alexx_, Glowy, dahlia_desire и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Monicheee

    Monicheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Некој да не знае што е тоа за субвенциониран студентски оброк?
     
  10. Geek^^

    Geek^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Од државата ги финансираат студентите за оброци. Секој месец по околу 2,400 денари пуштаат на сметка и можеш да ги користиш каде сакаш. :)
     
  11. Monicheee

    Monicheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    А за сите студенти важи тоа или?
     
  12. Geek^^

    Geek^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    До пред некој ден беше рокот за пријавување. Сите што се пријавени и исполнуваат условите може да земат.
     
  13. Monicheee

    Monicheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа дека ќе го продолжат рокот за пријавување.
     
  14. Bubbles02

    Bubbles02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2021
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    До 31.08 беше за тековните студенти. За оние кои допрва ќе се запишуваат рокот за пријавување е од следниот месец.
    https://mon.gov.mk/content/?id=4174
     
    На dahlia_desire му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.676
    Допаѓања:
    39.635
    Пол:
    Женски
    Заради коронава ве тинтраа со сите 5ки да поминувате, ви се угоди тој начин да го шетате газот а со онлајн тестови книга да не фатите и плус на матура да имате скратен материјал и прашања на основно ниво и сега кога резултатот на сето тоа е каша попара се чудите како и зошто.Ниту медицински факс е крив, ниту децата на доктори, како што читав во некои мислења наназад.

    Жал ми е само за деца што реално учеле и имаат реални 95-6 поени, што е многу високо рангирање а сепак не можат да влезат.
     
    На queenLilith13, stingray, Alexx_ и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Queentins

    Queentins Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    За бруцоши ќе има нов пријавен рок од октомври
     
    На xxxУбавотоПајче и Geek^^ им се допаѓа ова.
  17. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    2.316
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од толку хејтање на гимназијалците, еве јас знам колеги од средно медицинско што се отпишаа не им одеше и колеги од гимназија со одлично знаење во студиите :D
     
    На Glowy, Lollipop_123, xxxУбавотоПајче и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ivan0909

    Ivan0909 Нов член

    Се зачлени на:
    3 септември 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Не ги хејтам, таман работа. Проблемот со твојот став е во тоа што ти велиш "јас знам колеги" со тоа по автоматизам земаш одредена група на студенти и ги користиш да го негираш мојот став кој се однесуваше генерално за сите. Можеби бев премногу остар во мојот претходен став, се извинувам. Сепак посакувам сите да имаме само една заедничка желба - да бидеме професионални лекари за доброто на пациентите.....:l:
     
    На Lavender4, Queentins, Bubbles02 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Queentins

    Queentins Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    И во гимназиите има доста квалитетни деца кои самостојно учат и се трудат и знаат да загреат столче, но вистински, а не за оценка. Проблем е што според резултатите на сите факултети нашата држава е ризница на генијалци, а всушност сме функционално неписмена нација и реалноста е многу поразлична од бројките кои ги гледаме на списоциве. Многу дупки и пропусти има во образовниот систем, па затоа и доаѓа до вакви ситуации, според мене тоа е проблемот, и нема потреба од хејт кон гимназијалците :) Навистина ми е жал што се наоѓаш во ваква ситуација, бидејќи да биле некои работи поинакви ќе си влезел без проблем зашто имаш високи поени, но знаењето е твое и никој не може да ти го земе, сигурно ќе успееш да се докажеш и да бидеш успешен понатаму :)
     
    Последна измена: 3 септември 2021
    На stingray, Glowy, dahlia_desire и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    16.523
    Пол:
    Женски
    Пред да се воведе глупоста државна матура секој факултет си правеше селекција со приемни тестови што беше многу подобро. Сега децата на професори сите ги имаат тестовите од државна матура и вадат максимум поени, а веза немаат. А не само децата на професорите и сите што може да стигнат да тие тестови. Плус препишување на матура. Можам да гарантирам дека и најодличниот ученик не може да извади максимум поени од матура. После ваква конкуренција која очигледно е нереална факултетите треба да си донесат да има приемни тестови затоа што едноставно не е фер да му го земат местото на некој што стварно има капацитет и се трудел во текот на годината да учи, а нема врски и не препишува.
     
    На Yellow456, stingray, Alexx_ и 10 други им се допаѓа ова.