Проблемот не е гимназија или средно медицинско туку средни кај што 5ки ставаат од ракав и средни каде што се загрева столче за 5ка.Не е исто секаде и тоа е првата нееднаквост при упис.
Овие резултати се запрепастувачки реално. Јас се запишував 2013/14 и бевме последна генерација со концептот од матура 2 екстерни и 2 интерни како што и малтене се сега учениците,ама резултативе беа далеку далеку поинакви. Ученик со 97 поени како што велите вие може да биде буквално ученик без ниту една 4ка и со сите 5ки од матура со ајде да кажеме 5ки со понизок перцентилен ранг. И сеа некои децимали одлучуваат дали некој ќе се запише или не. Не знам според мене ова е тотална глупост без да се полага приемен испит, моментално некој на кој огромна желба му е да студира медицина плаче дома знаејќи дека со 97 поени е одбиен... жално немам што друго да кажам освен тоа што државата ни оди во пропаст, а со овој начин на упис и со ставање 10ки од ракав како 5ка на тест по општество во 3то одделение и здравството ни е за никаде. Тие 40 починати на ден од ковид не се од ништо друго освен од нестручноста на нашиот кадар која од ден на ден се повеќе доаѓа до израз. Секоја чест на поедини исклучоци доктори кои се уште ги има, но верувајте и тие еден ден ќе заминат во пензија, а тоа што допрва доаѓа господ напомош само, гледаме и самите што се случува.
Сакам да ви кажам една анегдота кога веќе сме кај уписите, особено за разочараните матуранти. Јас кога се запишував на медицински не примаа многу околу 120 души демек регуларно 60 државна, 60 приватна и нормално јас и уште многу други кои конкурираа не беа примени. Премногу разочарани, депресирани, плачки, стресови што ќе се прави. Но имаше објава да не си ги подигнуваме документите затоа што ќе има проширување на квотата. Цели три, четири дена дремевме пред деканат кој ќе биде примен колку ќе бидат примени, стресови. Кога ги истакнаа резултатите на примени тоа беа радости невидени, скокање, плачење, најголема среќа на целиот свет. После запишувањето ама немаше ден, да не го преколнувам тој ден кога ме примија. Секој божиј ден си викав господе зошто ме примија тогаш, зошто?? Сега веќе ситно бројам до дипломирањето, ама тие моменти секогаш ќе ми се во глава. И да не сте примени, не се разочарувајте, не е толку специјално нешто да се учи медицина во државава. Има многу подобри избори од медицински факултет.
Barem i kaj nas da prosirat za 70,80 kako shto beshe minatata godina.Jas so site petki i na matura i cetiri godini pak ne sum primen vaka..
Многу глуп коментар да бидам искрена. Јас сум гимназијалец затоа што сметам дека ми беше подобро гимназија, отколку средно медицинско. А, ете- можеби не сме биле сите одлучни во прва година. И не мислам дека е фората сега да се правиме кој е попаметен во областа бидејќи ти како ученик од средно медицинско логично е да имаш предзнаење и предност сега во учењето, бидејќи гимназијалците допрва ќе го учат тоа. Јас во гимназија не сум отишла со предзнаење од висока математика и не знам какви си хемиски експерименти, туку сум учела во средно со тек на времето. Како и да е, се согласувам дека треба да се има приемен бидејќи оценкиве од матурата ете што прават. Ти посакувам многу среќа и успех <3
Искрено и мене ми е жал , таква ни е државава бедна. Ќе го цитирам еден проф. "нашиот образовен систем функционира така што од една страна влегуваат пари (заедно и врски) од друга страна излегува диплома и произведува лепачи на плакати" Квалитетните студенти ќе седат дома и ќе студираат сосема нешто трето а оние со поклонети оценки ќе студираат ради углед и финансии. Ама да ти кажам, да плукнам сега ако од овие 200 запишани 50-60 не се откажат на крајот од првиот семестар или првата година. Ако си мислат дека влегле и сега ќе им биде милина гадно се заебале. Факулетов функционира така што прави чистка во прва година и таквите што сите петки што им биле поклонети кога ќе сфатат каде дошле ќе бегаат како ѓавол од лук. Не е се како Grey's anatomy па да се замислуваат доктори со поклонети оценки и запишани ради реда. Инаку мој совет ти е да пробаш Штип или Тетово или да конкурираш на тригодишните при краен избор. Доколку си учиш и оствариш успех ќе можеш да се префрлиш до крајот на прва година со успехот што си го постигнал. Лани се префрлија од Штип и Тетово на општа , од фармацевтски факултет на медицински на мојот смер и други, веројатно може.
Апсолутно, на страна тие со врски и пари, зборувам за сите останати. Тие што не учат ќе се откажат, и ќе испопаѓаат уште на почеток. Знам луѓе кои беа во првите 10 на листа, и имаат само 2-3 предмети во 2 години положено, знам и деца кои имаа послаби поени, а сега супер им оди. Не мислам на тоа дека ако учиш нема никогаш да паднеш предмет, па и година, ама факт е дека тој што навистина учи, ќе успее и ќе положи, ако не првиот, тогаш вториот, или третиот пат. И не е точно дека ако се нема врски, не може да се положи или успее, да, можеби потешко, ама се успева со труд и учење, еве бар ние на форумов сме пример. Поентата ми е дека многу ти е точно мислењево, факт е дека тие што добиле 5ки на лепе очи во средно, на факултет нема да поминат туку така, ако не го загреат столчето, ќе испарат уште на почеток.
Па не, само 5 студенти имаа право на усен испит од кои 2 положија и не отидоа бидејќи им важи 6 сесии а другите 3 беа условно пуштени со 22-23 бода и отидоа на испит. Тогаш беа само доцент Мери и асистент Горјан. Ако би биле повеќе можеби ќе имаше и повеќе професори. Ама на општа претпоставувам дека ќе има и други не би требало да се само Мери и Горјан бидејќи има доста студенти.
Морав да се надоврзам. А зошто сметаш дека врскаџиите нема да имаат врски и за приемен? Па готови дадени прашања и слично.
Затоа што тој тест најверојатно ќе биде од факултетот и се знае кој се има пристап до тој тест и како ќе се спроведува испитот.
Има решение и за ова. Во Бугарија на денот на приемниот испит ги генерираат рандом автоматски прашањата од база од 1000+ прашања во живо на прожектор пред сите студенти. Вака ќе се овозможи сигурност дека тестирањето ќе биде фер. За се има начин ако се сака, ама толку ги интересира нашите а после се нервираат кога на испит им доаѓа студент што кажува дека простата имаат и мажите и жените.
Колку и да изгледаат нереални поениве, реални се. И на другиве факултети има високи поени. Проблемот е системски, 5ки од ракав се делат во средно (ретки се средните и предметите по кои 5ките се реални, а и учениците со реални 5ки се ретки), двата интерни 5ки, проектната 5ка, се ова качува на поени, екстерно тестирање воопшто немаше и тоа не намалува просек, имавте само 2 екстерни на матура, со скратен материјал и масовно препишување во поголемиот дел од училиштата. Мора да се воведе приемен испит, ова не е реално знаење, на приемен кој колку научил толку и ќе добие. Сега страдаат најмногу оние што реално учеле. И нема разлика дали е средно стручно, гимназија верувајте на факултет никој не може да се распознае од каде е, тој што ќе научи ќе положи, тој што нема џабе му е и средното сручно. Чистката одма се прави уште во прва година, тој што се труди и учи ќе опстои, тој што нема да учи ќе заглави или ќе се отпише, не завршуваат сите.
Па да, ама тие со врски пак ќе имаат пристап или ќе бидат менувани/додавани поени. Нема да биде баш така розово, иако доколку се спроведува и биде се легитимно, јас сум за приемен. Ама знаеме како функционираат работите во државава, да не се правиме наивни. Вистинскиот проблем со кој се соочуваме се врските, врски за оцени и препишување. А не се проблем матурата и приемниот.