Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    6.740
    Пол:
    Женски
    Ќе има врски и на приемен секако, неизбежно е тоа, ама нема да се во толку голем број.
    На матура многу повеќе врски има, повеќе можат да фатат по некој професор да му решава на детето и да му праќа одговори. За матура може и без врски да поминеш буквално, неколку во генерација да имаат професори зад себе што ќе им решаваат, тие ги споделуваат одговорите групно и цела генерација е опфатена.
     
    На floppy77, ElenaOfRivendell, Bubbles02 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    16.522
    Пол:
    Женски
    Се е можно во оваа држава. Диплома и специјализација можеш да си купиш без учење, а па за прием најмал проблем. Јасно ми е тоа, за жал.
     
    На floppy77, Lollipop_123 и Bubbles02 им се допаѓа ова.
  3. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Не се согласувам со ова. Со приемен само дополнително ќе се истакнат децата на професорите, администрација и докторите и нивните семејства што работат на клиника со години, децении. Тие први ќе бидат примени, а за останатите ако остане место.
    Приемен испит може да биде реален и услов за запишување на факултет во друга држава, овде не.

    Поголемиот дел овде веројатно сте помали, но како ќе поминува времето ќе ги увидите врските на клиника. Кога ќе завршите ќе зборуваме повторно за приемен, дали сте за или против.
     
    Последна измена: 3 септември 2021
    На floppy77 и Bubbles02 им се допаѓа ова.
  4. zigzag224

    zigzag224 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2021
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Приемен апсолутно ништо нема да смени. Дури и да бидат рандомизирани прашањата како што било случај во Бугарија (што нема да се деси), врскаџиите можат да ишкрабаат што сакаат и пак ќе бидат примени - јас лично сум била сведок на девојче пред мене во амфи тестот да го има оставено скроз празно, значи буквално само име презиме број на индекс и датум, да после кога излезат резултати биде меѓу првите по бодови.

    Така да сите овие идеи се сулудни, оти се рушат моментот чим остварат контакт со човечкиот, покварен фактор.
     
    На stingray, floppy77, QueenCleopatra и 6 други им се допаѓа ова.
  5. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    12.207
    Пол:
    Женски
    Точно. Мене ми се има случено колеги заедно да полагаат со мене условен предмет за кој јас изгубив година и не сум ги слушала предметите на кои им бил услов, а тие слушаја и не изгубија година. Заедно го полагавме предметот.(facepalm) Али тоа е ќе си се помириш и ќе тераш понатаму. Ќе си гледаш за себе:D
     
    На zigzag224 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  6. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    6.740
    Пол:
    Женски
    Јасно, не велам дека приемен е идеално. Кога е матурава хаос вреди една година да се проба со приемен и да видиме како ќе биде. Ако е полошо ќе се врати матурата, ако е подобро ќе остане.
     
    На floppy77 и Ivan0909 им се допаѓа ова.
  7. sweetdesires7xo

    sweetdesires7xo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки. Аплицирав на општа медицина ама не сум примена заради 2те четворки од државната матура што ми го расипаа успехот,а сите четири години 5.00 бев.. :( Сега на вториот уписен рок ќе аплицирам за физиотерапевт,ќе имам ли шанса? 93 бода имам.
     
  8. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Доколку не се пополни да , но во прв рок за жал се пополнува државната квота во 99% од случаите па останува само приватна квота (што може и таа да биде пополнета). Мислам дека државна квота во втор рок ќе има само за акушерки бидејќи е нов смер и ќе нема голема заинтересираност.
     
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    16.522
    Пол:
    Женски
    Што се имам видено, поради ова западнав во депресија и несакав да продолжам. И тие истите дипломираат со нула знаење, со нула учење и ги земаат најубавите специјализации. Ама тоа е, се навикнуваш.
     
    На Glowy, floppy77 и Ivan0909 им се допаѓа ова.
  10. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Еве од лани студенти што се префрлале, чисто да знаете дека е можно и дека не е крај на светот ако тука не влезете. Само со добар успех и ќе успеете и да се префрлите, без гајле

    Screenshot_6.png
     
    На Angie1432, Wayne43, Lollipop_123 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Џабе им е само да ти кажам, кога нема да имаат поим што работат џабе е се буквално. Сечие незнаење ќе исплива на површина кога тогаш, штета што во случајов за кој збориме жртвата ќе биде пациентот за жал...
     
    На Glowy, floppy77, Ivan0909 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    16.522
    Пол:
    Женски
    Точно, знаењето никој не може да ни го земе.
     
    На Glowy, Bubbles02, Uniqo3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Husky lover

    Husky lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    А што мислите за тригодишните смерови дали со нешто повеќе од 76 поени можам да влезам. Конкретно за физиотерапевт и радиолошки технолог прашувам
     
  14. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Можеш но можеби ќе си во приватна квота , радиолошки технолози има најслаба конкуренција од сите тригодишни.
     
    На Husky lover му/ѝ се допаѓа ова.
  15. QueenCleopatra

    QueenCleopatra Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    206
    Фала ти многу! А кои предмети се потребни за ДУТ? :$Претпоставувам ги има на наредната страна, може те молам да ја пратиш? :D
     
  16. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Screenshot_7.png
     
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    12.841
    Пол:
    Машки
    Добро ете, според тебе шо треба да се преземе во оваа ситуација?

    Јас ќе го земам примерот од Америка. Таму аплицирањето на Медицински е еден од најригорозните процеси, не може на кој шо ќе му прдне да се запиши. Процесот се состои од повеќе нивоа: постигнат успех, вон-факултетиску активности, стандардизиран тест(MCAT), интервју итн. Еве за стандардизираниот тест, шо всушност е доста релевантен фактор, е задолжена независна институција шо не поврзана ниту со факултетите ниту со државата. Сметам дека со овој процес се врши ултрафилтрација на студентите врз основа на повеќе аспекти, ете не само тест, но сепак тестот е еден од критериумите. Не можи тепачка за прием да има само врз основа на оцените од средно и матурата шо знајме како се спроведува.
     
    На mazikeen, Glowy, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. QueenCleopatra

    QueenCleopatra Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    206
    На dahlia_desire и Larson им се допаѓа ова.
  19. Ivan0909

    Ivan0909 Нов член

    Се зачлени на:
    3 септември 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Дали некој од вас знае која е причината зошто лани на општа медицина во Скопје се примени 300 студенти а оваа година само 200. Дали постои можности и годинава да бидат примени плус 100 студенти со оглед на ситуацијава со апликантите(бројноста) и дали постојат физички услови за бројка од 300 студенти годинава на општа медицина. Ви благодарам.
     
  20. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    12.207
    Пол:
    Женски
    Пишано е претходно али еве пак ќе пишам. Затоа што се отвори општа медицина на англиски. И професорите со години потенцираја дека ќе барат да сме 200 студенти. Физички можи како што беше претходно така и е изводливо пак. А дали ќе има проширување на квота треба да се праша во деканат
     
    На Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.