Причината искрено не ми е позната но, во моја генерација(пред околу 5 години) примија околу 400 ако не се лажам. 400 студенти е огромна бројка, ние бевме прва толку голема генерација и катедрите се соочија со многу проблеми. Групите на вежби беа по 15 студенти, по две групи во термин, 30 студенти во мали вежбални(особено генетика ко во кокошарник напикани). Нон-стоп имаше врева, кој попрво да направи нешто…. воопшто немаше услови. Катедрите беа ептен револтирани бидејќи нив никој не ги праша дали е возможно да се држи настава со толку многу студенти. Општ хаос!
1. Се отвори нов смер општа медицина на англиски 2. Се отвори нов смер за дипломиран акушер/акушерка 3. Многу студенти се на ОМ и заради ковидот ги делеа во многу групи па решија годинава да ја намалат квотата и да им олеснат малку на катедрите. Вкупниот број на слободни места е следен (без да ги рачунаме бројките за вонредни студенти) Мед.сестри 35+35 со кофинансирање = 70 Физиотерапевти 35+35 со кофинансирање = 70 Логопеди 30+30 Лаборанти 30+30 Акушерки 30+30 Рад.технолози 20+20 вкупно 360 само од тригодишните (без да се рачунаат вонредните што се уште околу 100 за сите смерови) Плус 200 ОМ и ОМ на англиски 100 тоа се 660 студенти и максимално е исполнет капацитетот. За жал условите не дозволуваат повеќе, општо има малку амфитеатри и ограничен простор на клиниките и вежбалните на институтите за да се примат повеќе студенти.
Ако прочита што напишав ќе видеше дека и јас сум против врскаџии. Никогаш сум немала врски за ништо. Па ете нека се даваат плус поени за учество и добиени места на натпревари. Јас во средно имам добивано награди на натпревари по повеќе предмети па на крај не беа земени предвид при упис на факултет, не добив плус поени. Исто учествував во многу клубови, секции, невладини. Имав милион активности во средно. Кога веќе спомна за САД, тие прво одат во колеџ 4 години, па запишуваат Медицински факултет уште 4 години. Нивниот систем потполно се разликува од нашиот. Јас немам ништо против нивниот систем воопшто. Исто така, таму имаат привилегија да запишат факултет богатите и останатите кои зеле стипендија со знаење, другите користат студентски кредит кој понатаму го исплаќаат со години. Но, конкретно во Македонија се проблем врските, нема врска матурата и приемниот. Бидејќи колку имаат улога врските за матура, толку ќе имаат и за приемен испит.
Здраво дечки,мене можеби не ми е место да зборувам пошо кога се запишав немавме матура(2020) сепак ке дадам свое мислење,навистина ми е жал за сите што нема да успеете да влезете на факултетов,не обвинувајте себеси,овој живот не е фер ,и понатаму ке видете и многу повекје неправди..Проблемот не е кај врскажиите,проблемот е кај професорите и тие погоре што овозможуваат да има врски..секако има и студенти кои без врски сигурно ги имаат поените, и тоа голем број,за моја генерација да ви кажам многумина и го оставиа факсот уште од почеток,замислете 300 лица бевме примени без матура без ништо. Сакам да кажам дека иако на некој ке му е полесен патот не значи дека вие нема да успеете,има многу опции,и на Штип не е лош факултетот,и на Тетово исто,тој што учи ке учи добро било каде да оди,а многумина прават и трансфер од Скопје во овие други факултети,не е крај на светот,ке бидне се,само немојте да се обвинувате себеси,не само системот,но самиот живот е така,не е лесно но се успева,еве колегите дадоа и примери дека може да правите и трансфер, не е ништо една година да се изгуби,ви посакувам здравје и само позитивни мисли,кој сака ке успее ,остајте врскажии тие во иднина ке платат за тоа не се секирајте,пола од нив и факс ке остават. Еве и јас можеби ке изгубам година(заради Анатомија 2),па што,секој има свој пат кон успех,failture will only make you stronger,нема откажување ајде
Кога веќе споредуваме уписи во странство, чисто само fun fact да спомнам, во западните држави како Германија, Швајцарија, за да се запишеш на Медицински факултет мора да имаш завршено гимназија. Таму со средно стручно, без разлика дали е средно медицинско, средно музичко, можеш да запишеш само три годишни студии, но не и 4 и повеќегодишни, бидејќи таму средното стручно се смета дека те спрема за директно да почнеш со работа, а не за запишеш факултет после тоа. Па, ако сакаме образовен систем како странските држави, многу работи ќе треба да се сменат, не само матурата и приемните на факултет.
На матура проблем се масовните препишувања, помалку врските. Наставниците оставаат простор да се препише и сите си кажуваат и после како ништо да не било, така оди тоа.
Сега тука се е залудно да дискутираме за "шта би било кад би било" тоа не зависи од нас. Затоа на сите што не сте примени не се обесхрабрувајте имате решение. Не е крај на светот се ќе биди. Иначе во врска со средното да бев тогаш со овој мозок никогаш немаше гимназија да се запишам. Со стручно секогаш имаш можност, и кога ќе изгубиш година да работиш. Не е точно дека немат знаења тој што учи сегде ќе учи нема врска што средно избрал
Ова! Татко ми беше помошник тестатор(стојат во ходниците и по потреба заменуваат некој од главните тестатори во училниците) во Битола. На едно од полагањата, заменик директорот на школото им дал список со одговорени прашања на учениците во текот на полагањето, а на друго полагање, сите ја молеле тестаторката да ги остави да препишат бидејќи речиси ништо немале одговорено. Не дека е вака секаде, ама сигурно не се изолирани случаи. Цела година дома преседоа, книга не отворија да прочитаат нешто. Секоја наредна генерација е се понеписмена.
Има ли шанси да ме "шутнат" од државна квота кога ќе испаднат приемните во понеделник, за некои со врскички? Во последни 5 места сум. Btw стварно ми е жал за сите кои не успеаа да се рангираат, и многу да дискутираме, ништо нема да смениме ... не е едно шо фали во државичкава, многу работи се...
@jelena.rozga само за државна квота направив, последно место (т.е. 70 место) 99, 241 бод. по правило треба да биде.
Можат секако,но година се плаќа 3000 ЕУ,значи не вреди пошо ист материал и исти професори само повекје плаќаш