Дали за патологија треба ептен да се знае материјалот од хистологија? Во однос на препарати и нивно препознавање?
Оваа година ќе избркаат 300 солидни ученици од Медицински, а притоа останавме без втора опција бидејќи се пополни квотата Штип . Многу сме и многу ми е жал, вложен беше голем труд сите четири години, јас како ученичка во стручно медицинско немам втора опција, освен да изгубам цела година а потоа не знам што. Мислам дека треба да ја продолжат квотата барем како што беше лани, многу е не фер лани се запишаја ученици дури под 100 просек а немаше матура ,ве замолувам сите што имате допир до погорните да се направи нешто , да се разгледа ситуацијава и да се попушти барем уште оваа година квотата да изнесува 300, заслужуваме .
Здраво на сите, како очаен матурант, иден студент , со надежи и соништа заедно со сите вас што аплициравте оваа година на медицина а добивте за возврат едно големо ништо сакам да го изразам мојот став, мојата разочараност. Ова што се деси е страшно, не знам ни од каде да почнам. Никаде во светов студент нема забрана да запише два факултети , буквално потпишуваш под морална и кривична одговорност (пресмешно) дека не аплицираш, зошто? За да изгубите цела година ,за да останеме неписмени и демотивирани јас и сите други 300одбиени (од вкупно 500) души што аплициравме на медицина и не сме примени со одличен успех. Ние генерацијата 2002 испаднавме експериментални глувчиња, во се. Медицината ми беше една од најголемите желби во животов, учев, се трудев , одев по натпревари, имам државни награди , ама пустото немам висок ранг на 5ката по македонски матура , ете судбината не сакаше прегледувачот од ДИЦ да пиши поголем ранг(резултатите од матура безврска), ЛУЃЕ одлични со сите 5 ама со помал ранг немаат поени да влезат оваа година, бидејќи од рангот се скратуваат поени , КОГА дојде ред Медицинскиот факултет кој треба да извади доктори , да падни на ниво да прима студенти само до некоја децимала од тешката глупост наречена матура, какви неправди не чекаа со испити? ниту бројката од 97 до 97,2 ниту просекот од завршениот факултет не може да те одреди колку вредиш ,не вредите децимални броеви мили мои , идниот доктор треба да е психофизички спремен за својата професија покрај тоа што ќе го владее теоретскиот и практичниот дел , потпишавме дека нема да сториме кривично дело а сега никој не е одговорен за нас , никој од нив не ни даде објаснување зошто квотата се намали оваа година, лани и сите регуларни години кога изнесуваше 300 последните беа 91-2- пореални поени а не децимали, во овој случај единственото нешто што може да ја ''ублажи'' ситуацијава е проширување на квотата како во регуларните години, бидејќи се извисени многу без втора опција, ве замолувам тие што можете да исконтактирате некој кој може да направи нешто, апелирајте за помош , иако нема да биди сјајно ќе биде барем малку праведно. п.с. Приемниот е нај добрата опција, али кај нас ако се воведи бетер ќе биде од сега, приемниот е најдобар ако е реален.
Квотата на општа ја скратија од причина што се отвори нoв смер на тсс, и ом на англиски. Имам читано дека професорите веќе подолго време се залагале да се примаат помалку, бидејќи малце е хаотично со толку многу луѓе.. Инаку не знам што е случено оваа година, секогаш се препишувало на матура, ама годинава изгледа малку повеќе. Не е причината што се примаат 200 место 300, причината е што има 100 души со 99 поени, јас во 2019 со 99.232 мислам, бев 15та во државна, погоре Атикус имаше пишано дека со слични поени бил 70ти. Не е крив факултетот што толку мн. ученици извадиле јака матура, средните се криви што дозволиле до толку да се препишува. Едит: Ова е за по медиуми, факт е дека 100 души со 99 бода е нереално, треба да се има приемен, не е фер кон деца со 96-97 поени, кои се прејаки, да немаат шанса.
Да се согласувам , ама кај нас цел образовен систем е во колапс , исто сметам дека во ваква ситуација мора да се гледа на ова како на проблем, затоа што има многу супер одлични ученици што извисуваат а немаат втора опција.
исто знам дека професорите рекле на ова дека тешка работа да се прошири квотата и се да остани така како што е сега, бидејќи децава уште вчера некои се жалеа.
И на што личи на УГД последниот видов со 54 бода или 68 не сум сиг, примени за идни лекари, а Скопје одбиени со 97, тие од Штип можат дури со врски да се префрлат Ск , ок не ги успорувам ако учат ќе завршат без разлика колку бода имале за упис , ама крајно е не фер некој што се ладел цела година со 3ки е на медицина , а некој , не некој туку 300 одлични ученици се издепресирани дека не се примени
Точно не е фер. И јас сум запрепастена од ова. Кога се упишвав јас не беше вака, да тогаш ја проширија квотата имаше колеги без матура што се запишаја само тие имаја по 100 поени, али имаше можност и на тие што имаат 90 бода да се запишат, дури и Штип не се пополнуваше прв рок. Годинава се виде нефункционалноста на образованието. Јас кога полагав не се препишваше барем тој нас што не чуваше не дозволваше ни да се завртиш. Се надевам дека нема да извисите и ќе ургираат да се прошири квотата.
Ние на форумов сме никој и ништо и не очекувајте дека некој од нас може да контактира со некој од погоре за ситуацијава. Ова е одлучена работа уште кога во конкурс ставиле дека примаат 200. Во право е @ElenaOfRivendell не е крива квотата, крив е успехот на матурата кој не е реален, толку 99ки општо никогаш немало, вкупно собрани од сите факултети се многу. Препишувањето излегло од контрола. Буквално само кај нас, така многу извисуваат. Веќе треба да се дозволи повеќе апликации да се поднесат
И јас сум да се полага приемни,само не сум да се прима по многу на медицина,знам сите имате желба,животна желба но не е реално само од Скопје годишно да излегуваат 300 општи лекари,каде потоа не сме ние во голема држава па да имаме потреба од толку општи лекари,не е само Скопје имаме Штип имаме во приватни или каде веќе не е ни толку важно.Јас ве разбирам и јас бев во иста ситуација морав да изберам друго заради тие рангови.Сум била разочарана,но никогаш не е касно.Леле колку ќе се откажат на старт ама нели вие нема да бидете примени,неправда е.Искрено повеќе сум за знаење,труд..никогаш за фалш оценки,рангови или што веќе.Без разочарување,само размислете добро што понатаму.Ви посакувам многу среќа,не заборавајте НИКОГАШ НЕ Е КАСНО!
Да можеби излегуваат многу општи доктори ама знаеш колку остануваат во Македонија? Ако се толку многу зошто сме дефицитарни. Па да не збораме за дефицит на специјалисти. Сите се над 60 години, за некоја година ќе нема кој да работи во болниците. Така да и да ја прошират квотата за 100, и 500 да завршват пак ќе нема доктори
Дали има некој информација дали е можно префрлање од дентална во скопје на општа во скопје без притоа да се изгуби годината? И ако е можно во кој период од академската година?
За префрлање најверојатно е можно бидејќи се префрлаа лани од други медицински факултети и од фармацевтскиот факултет. Но дека можеш да се префрлиш со цела признаена година, тешко. Ќе ти бидат признаени хемија тук таму некој предмет другото се наново што автоматски губиш година или некако ако ги стуткаш предметите па да постигнеш ама не знам како оди ова искрено. Инаку еве зошто е потребно да има регуларно матура, колку и да не ни се допаѓа концептот сепак има рангирање а не вака 2 интерни со дадени прашања дите 5ки и 2 екстерни испопрепишани. Третиот екстерен беше добар за рангирање бидејќи се бираше според факултетот и сите се посветуваа и на него. Ама па и тоа тестаторите треба да се ангажирани од МОН и да има малку повеќе контрола зошто еве каков хаос настанува ради ваквиот трул систем.
Не можиш да не изгубиш година. Спореди ги студиските програми. На стоматологија анатомија е поделена на 2, кај нас е на 3 и не сум сигурна дека учат се од анатомија како медицинари. Сепак станува збор за два различни факултети не е се исто. А за тоа кога можиш да се префрлиш ако има некој тука што се има префрлено нека даде совет
Здраво... Дали некој од вас има информации со колку отприлика поени би бил последниот примен во приватна квота на смерот за физиотерапевти
Дали има места на стоматолошки Скопје оваа година ? Примале 80 не знам колку се пријавени , не можам да видам