Не можи тука никој да ти одговори треба да се види колку примаат, колку се пријавени и со колку поени. Вака како некој би знаел?
потполно се согласувам оваа ситуација со матурата дефинитвно некој треба да ја пренесе на медиумите (факултети.мк или барем на студентското собрание) навистина би било жал толку студенти да изгубат цела година апсолутно незаслужено никогаш не беше фер и беше зезнато, ама како оваа година што ги зафркнаа матурантите не било никогаш до толку, ова е врвот. се надевам ќе се освестат што прават на толку млади и надежни студенти и оваа година ќе ја вратат квотата на 300 студенти, а од наредната годона нека биде 200 ама барем студентите ќе знаат на што се, овака ги зезнаа невидено. жално
Ви го разбирам револтот, ама зошто за вас да вратат на 300 и да се запишете, а в година може да почнат со 200? Мислиш в година нешто ќе е поразлично? В година нема да извисат? Никој факултет, универзитет не е крив за ситуацијата, никој не ги зафркна матурантите. Матурантите сами себе се зафркнаа заедно со средните училишта, затоа што 5ките и препишувањето излегоа од контрола. На никој не му е гајле што многу студенти ќе извисат и ќе мора на нешто друго да се запишат. Жално е што ова е реалноста.
Дефинитивно не е крив факсот, тука идните студенти ги рангираат според поените со кои дошле, а тие поени ги добиле со препишување на матура, а реално, факултетот не носи одговорност за тоа, туку средните училишта, тестаторите и сл. Далеку од тоа дека е фер ситуацијава, ама одговорноста не треба да се бара во медф, уште одамна се знаеше дека оваа година ќе се примат 200 студенти.
Избегнувам генерализации, но во ситуацијава лаете на погрешна врата. Како шо кажаа колешките пред мене, за ова се криви средните училишта, наставниците, тестаторите па и учениците-матуранти. Еден куп 5ки се изнапишаа со цел повисоко рангирање при упис на факултет, за матурата веќе да не зборам, препишување на мртво! Зошто за овие работи никој не се побуни? Ваљда не сметавте дека е во ред? Преку цела година, средношколскиот пленум протестираше за укинување на матурата, јас за друг проблем не слушнав. Сега ситуацијава е, по свадба тапани. Процесот на селектирање треба да се промени, тоа да, ама квотата не претставува никаков проблем. Во друго мислење кажав, не се држи квалитетна пракса со толку многу луѓе, трпи квалитетот на наставата. Моменталната квота ја зголемува конкуренцијата шо сметам дека е релевантна ситуација. Од искуство, барем јас кога бев матурант, до последен момент еден куп матуранти не знаеа каде ќе аплицираат за факултет! Значи не можи во последен момент некој да се одлучи дека ќе студира на медицина(или било каде искрено) и после да се буни дека не го примиле заради квотата или конкуренцијата.
дечки ај некој искрено да ми одговори,дали може карлица колоквиум да се учи за 10 дена??? Фатив корона и затоа не можев да учам и заглавив лошо,имам три колоквиуми Анатомија 2 неположени,баш голем стрес имам ,некој ако има опција нека каже што е најдобро да направам,да ги повторам тие две колоквиуми што ги имам научени(но речиси заборавени),или да пробам и карлица да учам што да бидне нека бидне.....И ако има некој прашања како типот на елиминарниот кој сам си напишал и се тестирал себеси нека ми прати,ве молам.. Само Анатомија 2 и Генетика ке ми останат неположени,а баш сакав да не дојде работата вака да губам година ..но еве корона не прашува
Вака, искрено, ако ништо, ама воопшто ништо не си учела до сега, а плус сакаш да ги повториш и торакс и абдомен, тешко е дека можеш топ да спремиш цел колоквиум анатомија за 10 дена. Да имаше само карлица, ајде некако, ќе учеше само тоа и ќе стасаше, сма не верувам дека можеш и да ја научиш карлица (доколку ја учиш прв пат), и да ги повториш другите колоквиуми. Јас би ти рекла да се посветиш на тоа што го знаеш повеќе, ама не знам, специфична ситуација е, нека каже некој друг мислење.
Искрено, како погоре колешката што пишала, ако воопшто немаш читано карлица до сега тешко ќе можеш да ја спремиш за 10 дена, макар и 10 дена само тоа да учиш. Анатомија матерјалот мислам дека и сама си свесна дека не се учи за толку кратко време и дека треба да му се посвети време за да се научи. Подобро повтори си абдомен и торакс ако ти се спремни, па во јануари ќе положиш карлица. Е сега околу губењето година, тоа е што е, не знам што друго да кажам.
Реално да си ги повториш колоквиумите што ти се учени, вака се да направиш во рок од 10 дена е кратко. Јас карлица и абдомен спремав 14 дена во август, но претходно ми беа учени за јуни. Цел материјал од кој 2 за повтарање, а 1 за учење е тешко да се спреми за 10 дена. Гледај тоа што ти е учено да положиш
Dali moze ako te primaat na medicinski vo privatna kvota da ne prifatis da studiras i da se zapisis na pmf na vtor upisen rok?
a потоа дали ке можам да земам и другата година(ако положам се како треба наредна година секако,освен тие предмети кои не ги слушам) мислам нели се губи стипендијата ако повториш година,и се извинувам што правам многу прашања
Мислам дека можеш да стигнеш, 2 дена торакс повторај, 2 дена абдомен, 5 дена карлица учи, последниот ден се повтори. Затвори се дома, исклучи телефонот, деактивирај фб,инста и други социјални мрежи и учи цел ден, остави телефон,лаптоп и се друго што ти одвлекува внимание и учи само, фокусирај се само на тоа.
Па годината се губи 3та за 4та, не се губи сега. Ако положиш се па по програма на предвидени предмети ќе имаш 80% и може да аплицираш. Ја ќе аплицирам годинава, лани имав две анатомии и генетика, па немав 80%, годинава скоро се си положив од втора слушано и исполнувам услов. А и знам за колеги и после 4та, шо паднале година во првите години и зимаат после стипендија пошо првпат си ги слушаат предметите и се слушаат од 4-5та... Барем може да се проба да се аплицира, па сега ако одбијат одбијат нели, наше е да се проба.