Ако се сеќава некој што има полагано патологија 2 во септември дали дааваат повеќе термини дека терминот е на 16ти дали има шанси да дозволат да се полага до 30ти?
За семестар? 100% може, колешка плати на два пати мислам, ама не ја знам процедурата, прашај како оди на студентски прашања.
Технички, факултетот нема никаква одговорност и има право да прими до квотата 200, ама дали е фер лани да се примат 300 и последниот без матура да има 93 поени , а вака новиот смер медицина на англиски , има место за 100 ама сигурна сум дека нема да се исполни така да ќе нема пречка да не прошират , види, да проблем е кај матурантиве али кога ни забрануваат да аплицираме не може да не избркаат со сите 5, мора нешто да се направи , сите сме свесни дека ''петкашиве" пола ќе се отпишат , и што ќе прават со 200 што испрепишале со фул рангови , не е фер мора да не земат во предвид и да се најде решение, има многу деца со 96-7 поени со дипломи целосно заслужен влез . Лани избркале 100 ама последниот имал 40 и не биле толку јаки ученици , тоа е во ред , ова не е . Се си мислам дека ќе прошират
Секој различно учи, а и реално колоквиум анатомија за толку време се спрема, максимум 14 дена, ако учиш повеќе ќе ти патат другите предмети.
Јаки учениции со поклонети петки и препишана матура. Гарантирам дека лани тие што се примени иако имале послаби бодови сигурно биле поспреми со знаење. Да ви направат сега едно тестирање па да се види реално кој колку знаење има и кој колку учел. По резултативе апла се гледа дека сте се утепале од препишување ама никој не води сметка за тоа. Не ви е крив медицински факултет, и секогаш на медицински конкуренцијата била голема никогаш не се запишувал ученик со помал просек од 5,00.
Луѓе, значи океј, јасно ни е дека ви е криво што многу со високи поени нема да бидат примени, сфаќам. Ама, разберете дека 300 студенти во генерација е премногу (да не спомнувам дека има и презпаишани секоја година, па на некои предмети сме и по 500-600). Вака размислувате зашто уште не сте студенти на медицински факултет и не знаете како е да сте во група по 30 студенти на вежби, па да се туркате кој прв да погледне на кадаверот на анатомија или кој прв да ја фати епруветката на биохемија. Не е работата да се примат еден куп студенти и на крај да сме оштетени и ние, а и професорите и асистентите кои не можат да обрнат доволно внимание на сите студенти да им објаснат се. И да, не само што не се реални толкави резултати со по 99 и 98 поени, туку не се ни реални и толку многу студенти со 96, 95 и 94 поени, апла се гледа дека се препишувало, ама за жал сами сте си се зафркнале и сега никој не ви е крив.
Срамно е ова што се случува. Значи колку и некој да учи, колку и да е солиден, нема шанси максимум да одговори на матура особено на екстерните предмети. Не знам сега како се полага и што се прашањата ама јас кога полагав воопшто не беше лесно и колку и да знаеш пак нешто ќе кикснеш. Ова сите генијалци.
Па матура не може да биде лесна. Едноставно не може. Матерјал од 4 години по 4 предмети треба да биде тежок за спремање. На ништо не личи веќе ова. Да дојде од странство некој да ни ја види прелиминарната листа со вакви поени, ќе си помисли се генијалци сме, таман за на Оксфорд или Харвард
Во сите училишта освен кај нас и во уште една гимназија професорите вртеле по училници со клучот , деца споделувааа лично, кајнас не дека беше строго , професорката не ги знаеше одговорите , прелошо , неправда, срам.
Барем да се направи да биде строго при полагањето и нема да има проблем или нека воведат приемни, па тогаш да видиме. Само, ако се воведат приемни, дури тогаш ќе видат што значи селекција и ќе има уште повеќе плачење отколку сега.