Никогаш нема да направат да биде строго, овој народ нема таков менталитет. Самите професорки од средно на своите деца им ги даваат тестовите предвреме, децата на градоначалниците, функционерите, директори апла се знае на кој им се дадени. Во помалите градови се се знае кој како положил.
Лани последниот без матура беше 99-98 поени, не ги гледај квотите националност, дете на војници и слично, тие се надвор од квота и таму може да има и со послаби, во регуларна квота немаше 93 поени, @Larson може да потврди, тој се запишуваше лани. Тој новиот секако нема да се исполни, ама не е причина да се прошири оваа квота, професорите веќе подолго време не сакаат и инсистираат да се примат помалку студенти. Пиша @floppy77 зошто. Мене не ми е проблем да се прошири квотата, само немајте некоја преголема надеж дека тоа би се случило, за да не сте доразочарани на крај. Како и сите досега претходни години што некој бил одбиен и не се запишал на медицина, така и оваа година, и тогаш со просек 5.00 не успевале да се запишат ни сега, никој ништо не направил, на никој не му е гајле што не се запишале. Не се отпишуваат пола како што си замислувате. Има деца се отпишуваат ама не се во толкав голем број. И во тие 200 фул испрепишани има деца што учат, ако ја испрепишале матурата не значи дека сега книга нема да отворат. И што е со зборов „избркаа“, никој на никого не брка, едноставно се пополнуваат местата, другите се одбиени, ајде сега сите што ќе конкурираат да се запишат и да нема бркање. Секоја година има многу пријавени на медицина и секоја година има многу одбиени, има и такви со по 40-50 поени аплицираат и тој е еден последен, другите се со повисок ранг. Лани исто беа јаки, без матура сите со 5ките, бараа диполми не можеа да ги поделат во државна/приватна квота, единствено последните места беа исполнети со некој што имал 1-2 четвроки максимум, ама примаа 300, инку првите 200 беа 5.00 и под 200 беа со 5ки.
Здраво, дали некој е запознаен/ се има распрашано дали од овој семестар ќе важат новите правила за плаќање пониска партиципација за да запишиш семестар ако се работи за студент со самохран родител?
Кои се шансите од фармација Скопје да се префрлиш другата година на општа Скопје, и да ќе паднеш година само што нема ниту еден предмет што го има на општа ни анатомија ни хисто итн.. Некој што познавате да се префрлил, дали е тоа воопшто легално , дали има таква документација слободни мести или спрема просек или се со врски as well?
Имаше за тоа на претходните страни за колеги лани што се префрлиле. Можно е, губиш година и мислам дека не ти требат врски можи секој да се префрли.
Пишуваше дека се има префрлено 1 студент од фармација на медицински во скриншотот шо го постна @Larson од медицински што објавиле колку префрлени студенти имаат од другите факултети. Ама нешто неповрзано иако не сум прашана ќе ти кажам, другарка не ја примија на медицински, се беше и она со 5ки ама ради матурата, се запиша втор рок на фармација и еве ја веќе со години си студира и убаво и е. Не знаеш, може ќе ти се присвиѓа и баш ќе ти лежи и тој факултет. Некогаш кога нешто не ќе испадне, друго шо ќе ти испадне може и подобро да биде. Сепак секогаш ти останува и опцијата за префрлање нели. Како и да биде кај тебе, со среќа нека ти е и извини што непрашана си кажав, но ме потсети ситуацијата само на тоа...
Дипломата секаде ти е признаена, само во која држава и да отидеш ќе мораш да положиш државен испит, соодветно високо ниво на јазикот кој се зборува тамо и мислам дека исто има колку време треба да одработиш таму пред да ти ја нострифицираат дипломата. За да се вработиш во странство со било која диплома, мора да исполниш одредени услови кои ги налага државата, не можеш како дипломиран доктор одма да тргнеш пример во Германија или ќе тргнеш, ама ќе работиш како медицинска сестра или болничар пример.
После 7ми кога ќе излезе листата и ќе се упишат кандидатите ќе излезе соопштение за во втор рок на кои смерови има слободни места , во која квота (државна/приватна) и редовни/вонредни.