Не знам колку е точно , али утешително слушам као ќе се продолжува квота ко во лански период , ова ми е од деца што ми кажуваат , така и они слушнале
Физиологија 1 некој полагаше усно, како поминавте? Што бараат на усното, од колоквиуми ве прашуваа? Имам и останат колоквиум, многу сум напната дека е последна сесијава пред презапишување, ве молам споделете искуства.
Мене ме прашуваше теорија, во склоп на испитното прашање кое го извлеков, ама коректна беше професорката, помагаше и потсетуваше. Ти препорачувам, кога ќе ги врвиш испитните прашања, да читкаш и по нешто теорија, и особено обрни внимание на темите за срце и крв, значи коагулација, крвни групи, спроводен систем на срце...
Си влечеш вежба, некои даваат концепт да си направиш, па зборуваш и ќе си потпрашана нешто теорија во склоп на вежбата, најчесто за крв и квс, тие вежби се паѓаат најмногу, ама пак е нешто што е поврзано со вежбата. Второ прашање е екг, оска може да побараат да нацрташ и нешто да кажеш за некој елемент. Воопшто да не си напната, не е страшно
Во Јуни. И да, како што кажа Glowy, ЕКГ обавезно ти даваат, учи и од презентации, таму е добро објаснето, исто и оската.