Зошто на Медицински не им пишува од колку до колку се носат документи и што се’ треба освен тие 750 ден. и прва рата?
Немам коментар.... Со среќа на сите примении П.с. арно јас годинава не се упишував ххахаха со моите 96 поени што сум сега во државна, годинава немаше ни примена да сум
Мене оваа листава кај што примаат по националност ми е тотална глупост.Гледам примени и со 72 бодови, ај која е логиката да е примен некој со толку малку бодови само зашто е малцинство?Според мене такви првилегии треба да се укинат и тие 40-50 луѓе да се распределат во нормалните квоти. Тотално фијаско годинава, стварно се жални листиве.
Ко што ми се чини повеќе места на втор уписен рок само на новиот смер за дипломиран акушер/акушерка ќе има
Има ли некој од смерот за инженери за медицинско лабораториска дијагностика што е примен од тука? Ако сакате да ви пратам контакт со една колешка исто така што е примена да си направите група и да си искомуницрате што како.
Зависи кај кој полагаш, мене проф. не ме праша ништо од колоквиуми. Едното прашање обавезно ЕКГ(мене за одводи ме праша), а другото си влечеш
Оваа национална квота е глупост, со 72 поени има некој влезено, а деца со по 95/96 поени се одбиени. И баш ме интересира дали баш сите таму што се запишани се стварно малцинство и ако се според некоја логика треба да приложат некој документ (пасош,државјанство) дека се стварно малцинство, а не туку така.
Џабе , лани имав познаници што исто не влегоа на ОМ а девојче што е од друга националност влезе со 50 поени на општа. Ние сме граѓани од втор ред во својата држава, ова е вака со години ама што е тоа е, нит се сменило нит ќе се смени.
Здраво во документите кои треба да се носат во петок/понеделник се бара и 10.Пријавни листови (два) - Образец за запишување на семестар - Статистички пријавен лист за учебна 2021/2022 година (Образец ВОИ.20) од каде се купуваат тие пријави?