Посбената ранг листа по националност е речиси комплетно однапред наместена, се знае кој ќе се рангира таму. Инаку и во странство малцинствата обично добиваат предност за да има разновидност(диверзитет) на факултетот, според некои политики, но кај нас во 5 до 12 луѓето вадат потврди, уверенија и шо уште не за да се протнат како малцинство.
Влечевме првин кој професор ќе не испрашува, и кој ќе ти се падне, тој. Испрашуваа Мери, Кочо и Дејан. Влечевме вежба од практикум и од анализа, даваа време да размислиш, па кога ќе си готов доаѓаше асистентот, па ако поминеш на практично, одиш на усно кај проф. Не беше тешко, онака, јас кај Мери бев, и ме праша за Т клетки да раскажувам се што знам.
Кај и да се обидиме , и од таму ќе не бркнат , 300души не збира ниту еден факс ,сите ќе бараме сроден , стомато исполнет , на пмф се останати неколку места и на фармација 15 места , тешко на деца.
Вежбата беше за комплемент, за СН50, а случај извлеков за токсичен шок синдром. Тие беа, што ги работевме на вежби.
Мене Мери и Горјан ме испрашуваа, и не мислам дека беше детално, нормално бараа, ствари што мора да се знаат, ама и да не знаеш нешто, не правеа проблем. Трајков барал подетално, а за Кочо, и другата асистентка не знам. На практично мислам дека никој не падна од тие што беа со мене, а и на усното мислам дека повеќето положија.