Ништо не ми кажаа, ама мене прво проф. ме зеде, (иако не требаше така), бидејќи зафатени беа асистентите, и не знам, мислам дека кажав добро, ваљда штом ме пушти потоа на практично, ми пиша доволно бодови за теорија, ако ме паднала, немало да ме пушти на практично. Исто и асс. не ми кажа ништо, ама видов колку бода ми пиша, и со тие бода треба 100% да сум положена. Ама оценки не ни кажаа одма, ни рекоа за неколку дена.
А тешко ли е на усното имуно? Јас две сесии по ред се терам да го понишам зашто ич не ми се свиѓа оценката ама страв ми е некако .
Не ти се мешам само мислење мое ќе кажам, јас имуно не би поништила некако тежок, обемен предмет ми е страв на ризик да одам и пак да полагам. Ама па зависи и што и како имаш за полагање сесијава, можи пример ако немам ништо, само имуно, тогаш би собрала храброст.
Не беше тешко, ама мислам дека не треба да ризикуваш, не е предмет од 100 страни, јас и со 6ка имуно би била задоволна.
И јас се согласувам со @Glowy и @ElenaOfRivendell Мене ми е положен со просечна оценка и малку ми е криво да, ама ко ќе ми текни какви перипетии имаше со предметот си викам да не збеснувам по многу. Освен сега ако е сменето нешто па полесно да се положува.
Мене ми беше страв и послаби оценки по предмети со 1-2 кредити да поништам од страв да не ме заглават или после да ми се преклопуваат со други испити и да ги завлечам, кога ве читам вака како мислите да поништите предмети тешки ви се восхитувам на храброста што воопшто и мислите на тоа, јас очигледно сум плашлива хахах. Јас не би поништила предмет како имуно, особено сега и со усново... Некои 6-7ци по такви предмети вредат како 10ки.
Кoлеги, дали проф.Гордана по хигиена би дозволила да не испраша нас што имаме анатомија испит после 20ти?
Eптен се ден за ден полагањата. А се полага со физичко присуство на институт у 1 часот, пола ден треба да го изгубиш...
Незнам дали го има во конкурсот бидејќи ова со еден родител нахнадно се издејствува од студентско собрание при УКИМ можеби нив да има пишеш меил или на факултетот
Да се надоврзам ,исто и кај нас не им кажуваа ништо детално дали се положени или не но на излагање Горан низ смешкање им кажал чекајте сега да ги сумираме поените што по автоматизам значи положени сте. Чим ви пишале бодови и не ви нашле замерка , положени сте 100% Доцент Мери е фина жена вака, не бара секакви детали кога бев на консултација ми кажа дека Куби била обемна книга и дека гледала на нас па дури и на ОМ да не ги гњави со секакви глупости така да тие што сте кај неа а имате учено немате гајле на полагање.