За патофиза 2 треба навистина сериозно учење на материјалот. Спремањето на колоквиумите е индивидуално, но од мое искуство и од разговор со колегите за еден колоквиум би ти требале 10-14 дена, бидејќи има доста детали, финеси што ги бараат и буквално сè е важно. Јас лично вториот колоквиум со завршниот испит ги полагав во јунска сесија откако ја ислушав патологија 2, бидејќи така многу од работите ми станаа појасни и буквално си создаваш многу поцелосна слика за тоа што го учиш. Ова е од мое искуство
Decki vo 3 god koj se poteshji predmeti? Msm vo smisla koi da gledam najprvo da gi polozam Kako teshki a I zafrknati katedri?
Нуклеарна можиш да си ја копираш книгата, а радиологија нема ништо, нема ни книга ни практикум, вежби ретко се држат.
Има два колоквиуми и усен испит и мене лично ми беше тешко пошо во презентациите што ни ги даваа за учење беше напишано многу малку за разлика од тоа што бараа проф
Здраво дечки, дали некој/а од постарите може да ми сподели искуство со проф. Игор Спироски по Хигиена, односно кои прашања најчесто ги поставува ?
Јас полагав усно и беше прилично лабаво, непишано правило кај него беше да прашува згрешени прашања од колоквиумот и некои ситни потпрашања. Тогаш на сите максимум поени ни пиша.
Да поминат овие што се запишуваат од прва, па ќе почнат уписите, евалуација ќе доцни како секогаш, ќе чекаме неколку дена да ја пуштат
За продолжување на стипендија требаше 80% предмети да се положени така?Тука изборните не спаѓаат и спорт не се брои во вкупните така?Може ми е малку глупаво прашањево ама ајде .