Koi uslovi treba da hi ispolnis za da odis na erasmus? I dali postoi nekoja druga programa ili seminar vi druga drzava
До кога имаат рок катедрите да внесат оценки на ајноу? Етика положив уште во Март и однесов пријава а немаат внесено. Тие внесуваат воопшто или треба да одиш да ги молиш?
Најтешки предмети нема. Материјалот е индивидуална работа за тебе може наједноставниот предмет да е најтежок а за друг обратно. Ако си општа медицина Анатомијата е најобемна за полагање. Други побитни се хистологија и морфологија и физиологија на клетка. Останатите се општествени/воведни предмети што не се толку тешки и се учат брзо. Професорите воглавно се океј, но сепак и тоа е индивидуално искуство. Бар за мене до сега сите што сум ги искусил биле океј и коректни и немало проблеми но тука секој е за себе. Не се ослонувај многу на други мислења бидејќи на факултетов може пријатно/непријатно да бидеш изненаден/а безразлика на нечие мислење. Се случува некој да испофали некој професор дека е лабав па после да поминеш лошо на испит а и обратно , за некого да викаат дека е строг и искомплексиран па на крај да ти биде пријатно полагањето.
За секоја анатомија има по една книга, една е за анатомија 1, друга за анатомија 2, трета за анатомија 3. Нетер е анатомски атлас и Собота е анатомски атлас и Синалников и ред други анатомски атласи, кој сакаш тој ќе го користиш, сите се убави, но најмногу од на интернет ќе бараш се.
Дали вие денеска што се запишувавте ги носевте изјавите од iknow? И дали сликите треба да ни бидат залепени однапред?
Исто ќе се надоврзам со колегите погоре и хемија би го вброила во предмети што во 1ва година треба да де положи затоа што имаш само 2 сесии и е услов за 2ра година за биохемија
Здраво дечки, сакам да прашам дали некој има што се префрлил од стоматолошки на медицина во Скопје? Ако да каква е процедурата?