Ајде во понеделник ќе прашам дали ние треба да ги пишуваме предметите во iknow,ако некој друг не каже во меѓувреме..А што ви кажаа за тимсот?
Со таа група што ви ја пишува, со таа ќе си одите на вежби. Сигурно поради пандемијата, сега ќе сте по помалку деца во група, ние оваа година бевме по 5, ама неофицијални муабети што слушнав, можно е и по 3ца да сме од следниов семестар. Кога ќе излезе распоредот, на него ќе видите кога имате вежби/предавања, пишува за секоја група, на пр. “Понеделник, групи 1-3, анатомија 1, 8:30-10 часот”. Дека ќе ви објават списоци со имиња и презимиња за групите, не верувам, ама секако ќе се видите на вежби, или откако ќе ја направат генерациската група на фејсбук, таму можете да се побарате.
Според тие групи сте за вежби, по 5 деца бевме во група од лани. Веројатно не ви се активирани профилите уште, се ќе ви стигне на мејл, ќе ве известат Не објавуваат ова никогаш
Dali moze da mi kazete iskustvo klinicko ispituvanje kaj prof koj e kardiolog? Kakvi prasanja postavuvaat? Mi treba opsto
Срцка е, не бара надвор од материјалот ништо, ниту од колоквиуми не ме праша, ама бара да го имаш сфатено материјалот, логички прашува, ако не учиш на памет, супер ќе поминеш. Сака со свои зборови раскажување, не како по книгата на памет. Мој совет, вакцини добро да знаеш, вклучувајќи го и вакциналниот календар, реакции на преосетливост, аглутинација, преципитација... (за овие работи памтам дека ме праша). Испрашува малце долго, 40-50 минути, ама не се чувствуваш како на полагање, многу е фина професорката, и ако види дека го разбираш материјалот, високи поени пишува.
Предобра професорка,не бара ништо од колоквиуми, реакции на преосетливост сите студенти ги прашува научи ги убаво. Прашува и некои подпрашања логички ама не се тешки.Од практикум се може да те праша мене за дифузионен метод ме праша и реакција од биохемиско испитување. По 6 7 мин испрашува
На пациент испрашуваше од скриптата само. После тоа во канцеларија ни даваше ЕКГ и се надоврзуваше на прашањата на другиот проф (кај нас беше од хирургија) кои се одговараа од патофиза и патологија општо знаење.
Fala ti.A od praktikum isprasuva poveke i od prvite vezbi ili poveke od tie od 6-11?Da znam shto da povtoram najmnogu.
Јас полагав пред пандемијава. Проф е доста коректна. Мене ме прашување две прашања од материјалот за испит. И едно од практикум, најчесто ги бара методите/анализите. Од колок не прашуваше тогаш ама го бара многу детално вакциналниот календар. Се на се убав испит.