Некој да не полагал кај проф Пановски микро 1? Што најчесто прашува? Дали и од практикумот или само од книгата?
Примена сум... Ама не можам да го најдам полето за лични податоци на iKnow за да си ја видам групата ве молам помогнете ми како да го најдам
Јас имам полагано. Мене ме прашваше само од практикум, и обавезно вакциналниот календар да го знајш. Супер е професорот и пишува убави поени
Јас полагав пред пандемијата прашуваше 2 прашања од теорија памтам ме праша за б лимфоцити и за вакцини ама многу ги бара научи го и календарот и 2 прашања од практикум дифузионен метод и елиса. Од колоквиуми не прашува
Јас полагав. 2 прашања од теорија, 2 од практикум. И јас имав едно од теорија за вакцините, значи често тоа го прашува како што кажаа колешките. Од колоквиум не прашува баш, но ако е нешто во склоп со прашањето што ти се паднало, можно е ако е главна и битна работа да те потпраша. Убаво полагање, многу фин професор и човек. Ич да не се секираш, сака максимум да извлече од секој студент, сигурно убаво ќе поминеш на полагање.
Мене познаничка која веќе студира на медицински ми кажа делот за предмети да не го пополнувам, само податоците горе што се бараат на пријавниот лист за семестар, не знам дали така треба. И на ФИНКИ тој дел празен го оставале.
Фала вии, ќе потполнам до предметите тогаш само. А дали треба во индексот друго нешто да се потполни освен личните податоци?
Предметите ако сакаш можеш сега да си ги запишеш за прв семестар, но не е морално, може и од кога ќе почнете. Нив не ги запишуваат од студентска служба.
АКО е физичко присуство, каде се предавањата ? сите се таму во склоп на медицинскиот или? ако некој има време да ми го објасни ова.
Во амфитеатрите на факултет, за прва година конкретно, бар јас кога бев, сите беа во амфитеатар 1. Инаку, што мислите, кога би имало распоред за овој семестар?