Од кој датум почнуваат предавањата ??? за втора година прашувам,некои ми велат дека почнуваат од 15ти октомври но не можам да верувам,прва година почнавме од 1 октомври минатата година,што мислите вие постарите? бар да знам дали имам некој ден одмор :/
Аман од каде ви се вакви глупости, академска година почнува на 1ви октомври и за прва и втора и за шеста година.... кај ви текнуваат вакви глупости на 15ти, како може на 15ти да се почне кога крај на октомври е првата колоквиумска, размислете малку...
Океј само прашав бидејки и мене ми личеше нелогично,не кажав дека ке почне,мене ми кажаа две три другарки вчера па затоа прашав, сепак ти благодарам
Не ја сфаќај погрешно членката, реакцијата и е таква бидејќи постојано некои глупости се шират и паники се креваат.
Најди комбинации, претежно од нив испрашува. Повеќе внимание обрни на дојка, гит и хепатобилијарен (за оваа тема може да праша и надвор од комбинации). И ако имаш време пробај барем прашањата што се од комбинации да ги научиш од Робинс. Јас кога полагав кај неа, немав баш научено и немам некое добро искуство. Од други колеги имам слушнато дека е океј, ама дека не става високи поени. Со среќа!
Мене ми рече истата девојка која ми кажуваше за листот дека не мора и во индексот предметите сега, може кога ќе почнеме сликичката да биде залепена
Што треба да пополни е во индексот каде што пишува досие бр. , назив и седиште на единицата и што кај што пишува насока/смер а што кај отсек?
Јас полагав кај нејзе. Најчовечната личност на таа катедра е дефинитивно таа. Иапитот е како разговор, воопшто не е стресно полагањето, професорката е опуштена, ти дава време за концепт да си направиш, смирена е те чека да се доискажеш и во врска со прашањето сака да потпрашува. Сака да знаеш, нормално не може да те пушти ако врска немаш, колешка што полагаше со мене не знаеше основни работи, иде на полагање потполно неспремна и како да ја пушти. Мислам дека може да се падне се, ама има омилени прашање што ги повторува прво тие научи ги. Полагањето траеше долго јас кога полагав од 9ипол 10 до 14, ама вредеше.
Досие они пишуваат, тоа седиште јас немам ништо, насока ми е исто празно, а во дтудиска програма пишав општа мед.
Обавезно комбинациите, делот за кожа го прашува најверојатно бидејќи го скокаме повеќето. Од таму може да ти се падне што било. И плус обрни внимание на патохистолошка слика и стејџинг на тумори. Доста прашува за стејџинг на карциноми на уринарен тракт. Изглед на клетки под микроскоп.... Се на се детално и долго. Е сега за оцени, става и 10ки ама многу поретко од кај некои други проф.
Да се приклучите обавезно во групата на фб, сите контакти меѓусебно и со координатори, а преку координатори со професори, ќе ви одат преку групата.
Moze da pravime druzba koga ke se sobereme poveketo. Se znae li koj e admin da mu kazeme da ne organizira?