Dali koga pisuva uslov za sledna godina klinicka prasa za trigodisnite studii vklucuva I polozeni ispit ili samo potpis po istiot predmet.
Луѓе, дали со исполнети кредити на стоматологија оваа година , ќе можеш да се префрлиш во втора на општа? Дали познавате такви случаеви , зборувам за Скопје , штип знам дека можи
Офф топик вака.. ама сега баш видов дека ставиле оглас за демонстратори на медф, па баш ме заинтересира дали некој знае колку се платени?
Ме претрка со напишаното. Ама и во средно исто беше, зависи на кого како му се погодило. Луѓето си се такви. Дури и полоши драми од средно видовме од 20 годишни тука ама нејсе. Е така, едвај 1 до 3 колеги (колешки) максимум ако најдеш на кои можеш да им веруваш и да ти се во се тука, другото е тепачки за оценки, за докажување, завист, сплеткорешење. Со другите муабет од чиста култура онака. Сите се поделени на групички со една две другар(к)и, се делат према статус, нивните што се, од дали се знаат од порано, ретко искрени луѓе да најдеш што не се од корист. А и во големите друштва оговарање имаш на велико. Чекајте уште не знаете кај сте дошле, за 1-2 години ќе сфатите тек како стојат работите. Ама ако, сите сме ја имале таа возбуда и наивност на почетокот, мора и тоа да се помине.
Не е толку страшно, не се секирај, сигурно ќе си најдеш друштво со кое ќе ти биде убаво. Факт е дека не може да се има доверба во секого, ама така не е само на факултет, општо, и во животот е. Ама исто така е факт и дека во 200-300 души, сигурно постојат и луѓе кои се добронамерни, и во кои ќе имаш доверба, не се сите лоши и користољубиви, ги има и такви, да, ама има и од спротивните.
Не мора да значи дека се ќе биде црно, и факт е дека не можеш со сите 200 души да се дружиш. Лично, си имам така 5-6 другари пред се, а потоа колеги кои сум ги запознала тука на факултетов и ми се покажале како подобри другари од тие од средно со кои сум пораснала со нив, таа мала група луѓенца од факултетов не би ги сменила ни за положен најтежок испит
Не, не е така страшно како што те подисплашија.Јас ти напишав повеќе во смисла дека сега сите доаѓаат од различни средини, некои веќе се во друштва од претходно и продолжуваат така, има луѓе кои само сакаат факултетот да го гледаат а не дружби...има многу луѓе во генерација, затоа е нереално да се здружиш со сите, повеќето нема ни да ги знаеш.Ама, ако ти се погодат тие од твојата група со кои ќе поминуваш најмногу време, супер ќе ти биде и ќе создадеш и пријателства и дружби, не се секирај.Повеќето се во иста ситуација како што си ти и ќе сакаат нови познанства.
Дечки, кај ова поднасока треба нешто да напишат тие што се на општа медицина? И кај тоа раководен орган што треба ? Датум на запишување тој ден кога носиме документи?
И уште едно прашање, извинете што сум досадна, за општа медицина на статистичкиот лист треба да се заокружи интегрирани студии така?
Поднасока ништо не пишувај, тоа е за ТСС. Раководен орган во деканат тие го потполнуваат. Датум на запипување 01.10.2021.