Сосема коректна професорка. Полагањето ми траеше сѐ на сѐ 9 минути. Мене ме прашуваше општи прашања, дефиниција за антигени, да почнеш нешто општо за нив, антитела.. Исто и од практикум една вежба и некое подпрашање. Пишува високи поени ако ти е убаво научено.
Искуства ако сте полагале или знаете некој што полагал комисиски пато 2,откако нема положено кај башеска?
Не сум знаела, јас цело време мислев важи 5-6 сесии. Треба да си ажурираат, барем да знаеме ако ништо друго.
А, се знае ли нешто распоред кога ќе има и кога ќе биде заверка и упис на семестар? Некако оваа година доцнат со овие работи, до лани како порано да не известуваа.
Стварно чудно што каснат толку сега, пред септември имаа објавено распоред лани, па и ова време и за упис имаше информации.
Па стварно задоцнија оваа година, изгледа планираат да објават 5 дена пред 1ви октомври, па да има корона party на заверката у деканат
А, кога сме кај упис, хигиена мислам немаме потпис ни во индекс, ни во iknow уште? Ќе прават ли проблем ако ги немаме сите потписи во индекс или ради пандемијата не правеа проблем претходните семестри на упис за потписи, не се сеќавам веќе како беше?
Не правеја проблем и да ти фали потпис можеше да се запишиш. И сега би требало да е така, или ќе им текни на хигиена да соберат индекси во последен момент
И ние ќе сме криви се во последен ден сме чекале. Не знам годинава, ама лани за упис враќаа за потписи особено ако немаш ни оценка ни потпис, а пак во јануарска си добивме на iknow, па немаше проблем.
Што мислите за анестезиолог,каква е работата и дали има смер или треба прво да завршиш општ доктор?Фала однапред