Се збори ли низ генерацискиве групи нешто како ќе се одвива семестаров? онлајн / физичко / комбинирано Некако каснат и со известувања и со све годинава.
Здраво колешки, дали со 8.8 просек имам шанса за стиепендија во втора група и исто така со 8.3 во трета група?
Оваа година нема категории на стипендии, сите ќе добијат линеарно по 6050 ден., ќе нема со просек или социјални, само на ПМФ останува како досега 18000ден
Здраво сакам да прашам дали има некој кој може да ми објасни која е постапката за продолжување на студии, бев студент на радиологија го ставив во мирување во 2019 и сега сакам да го продолжам, сакам од редовно да се префрлам вонредно, знам дека треба да доставам молби за префрлање и продолжување, ама ме интересира колку се плаќа бидејќи ги немам плаќано празните семестри, на студенски ми рекоа дека треба на iknow да видам по предмети кредити по 400 денари, не сфатив баш убаво, ќе може ли некој да ми објасни
Здраво, Дали некој ја знае постапката за запишување семестар на рати? Презапишувам трета година и нема да слушам нови предмети, дали плус нешто дополнително треба да платам?
Само тоа што го презапишуваш ќе го платиш, а за рати ќе прашаш во деканат мислам треба молба да напишиш
Ние бруцошите, кога да очекуваме да ни биде внесен семестарот и предметите на iknow од страна на деканатот отприлика?
Еве ги, објавија кога ќе бидат уписиве, уште распоред да стават П.с. ја сум 100% убедена дека не читаат овие од деканат, штом почнеме да се жалиме во темава одма утредента или по два дена ваѓаат распореди, датуми за уписи итн