Девојки да ве прашам да не знаете некој професор што случајно држи приватни часови за анатомија? Немам сретнато до сега па ако има некој да знае да ми кажете што како оди?
Јас колку што знам нема такво нешто, бидејќи сосе професорот нема да најдеш и коски или лешеви за да ти објаснува/предава на нив, а тоа е суштината на анатомијата. Книга како теоретска материја може секој да ти ја „предава“, меѓутоа пак треба да знаеш кое каде се наоѓа. Единствено може да се најдат некои видеа на YouTube, и најдобрите асистенти - Netter, Sinelnikov, Sobota, Gray's и другите атласи. И бонус совет, обрнувај многу внимание на вежбите, и додека учиш фаќај си белешки, прави си асоцијации, цртај си цртежи, мене така ми беше многу лесно за учење.
Ми треба студент последна година на овој факултет за една анкета...ако сака некој нека ми се обрати не е ништо страшно...
Здраво дечки, дали има некој материјал за Невротрансмитери? премногу би ви била благодарна ако ми помогнете
Нема врска од какво средно доаѓаш (гимназија, медицинско, какво и да е), за сите се гледа само успехот. Ако имаш просек можеш да бидеш примена и пред оние кои доаѓаат од средно медицинско, тоа не игра улога.
Здраво девојки, годинава сум матурант и веќе размислувам за понатамошно образование. Би сакала да студирам логопедија па ќе ве замолам да споделете информација во врска со тоа колку студенти примаат, колку во државна квота, кои предмети на матура ги полагавте и дали ви помогнаа при уписот и најважното дали има приемен испит?
Од колешките што полагавте thorax анатомија, како испрашуваа професорите, дали навлегуваат многу во детали, и дали знаете обично во 2 часот кои проф или асистенити се
Јас колку што знам за медицина треба да имаш 80 поени. Па сега колку што мислам, немора да си скроз одлична секоја година, може и по некоја 4ка, важно треба со тестовите од матура со тие сите работи, да имаш 80, а за другите факултети е 42.
Одоговоров над мене е малку погрешен, доколку сакаш да се запишеш на општа медицина при УКИМ во Скопје. Теоретски шанси нема да те примат со 80 бода. Од прилика последните кои ги примаат (и тоа во приватна квота), се со по 88-89-90 бода секоја година. За другите смерови (сестри, логопеди, радиолози итн.), примаат со мнооогу помалку бода, накај 60, па можеби дури и помалку. А доколку прашуваше за општа медицина при УГД во Штип, таму можеби примаат со по 80 бода, не знам точно, само знам дека критериумот е многу послаб за разлика од Скопје. П.С.: Покрај општиот успех од сите четири години, најмногу зависат перцентилите кои ќе ги освоиш на матура (тие многу го менуваат крајниот успех), и секако колкава ќе биде конкуренцијата за упис во таа година, некогаш е многу поголема, некогаш е помала.
Мислам дека (не ме држи за збор), во смер логопеди примаат по 60 студенти, од кои 40 во државна, а 20 во приватна квота. Без разлика од кое средно доаѓаш, не е битно кои предмети ги полагаш на матура зошто не се гледа на предметите, туку на просекот. Приемен испит нема, а плус тоа, и крајниот успех од матурата не е претерано важен зошто во тригодишните смерови на медицински факултет примаат и со многу слаб успех.
Можеби е малку надвор од темата, но доколку знаете би можеле ли да ме информирате колку се движи платата за кардиохирург, неврохирург и општ хирург во Македонија??? Благодарам однапред!!!
Нема конкретна бројка во нашава држава не само за доктори туку за се, Зависи дали приватно или државно работиш. Има општи доктори што земаат 12.000 денари плата а некои 30.000, овие гранки што си ги набројала се со многу променливо платени
Здраво , сакам да прашам за Имунологија кај проф.др. Дејан Трајков како е на колоквиуми , испит ,тешко или лесно се мине? Доколку некој има некои прашања или па некој тест ако сака нека ми прате Ви Благодарам.
Тестовите за колоквиуми ги имаш во фотокопирница, истите ги даваат со години. На испит а и онака е поприлично комплицирана личност, па зависи колку среќа имаш така ќе поминеш. Сака да види дека имаш научено, а не дека си отиден таму надевајќи се дека ќе те положи без основни познавања.
И за тестовите зависи како ќе ти се погоди среќата. Јас учев од тестови за едниот колоквиум и ми се падна само едно од прашањата, за другиот колоквиум ми беше доцна за да седнам и да учам затоа што премногу материјал имав пропуштено, и пак учев од тестови зашто немав друг избор, па тогаш ми се погодија речиси сите прашања. За на испит, поставува 3 прашања и милион подпрашања, и да ги знаеш добро две а едното помалку го владееш, тешко дека ќе поминеш. Бар колеги што имаат полагано тоа го кажуваат, не му е доволно само базално знаење него бара мноогу длабинско учење...