Фиксен слободен ден нема. Е сега, вежбите се задолжителни, и на нив мораш да одиш, и понекогаш се случува да немаш секој ден вежби. На предавањата, пак, не бараат 100% присуство, мислам дека само 60% треба, така да, и да не појдеш некогаш, не е страшно.
Општа медицина тешка работа за слободен ден, особено до 3та се оди full на вежби и предавање, после 3та е по лабаво.
Здраво, дали може некој да ми каже искуство со изборниот предмет „Подготовка и одговор на здравствениот систем на кризни состојби“?
Како се условите во 4та и 5та? Што е поразлично во однос на времето до 3та? Исто имаме колок секој месец? Тогаш е полабаво во однос на тоа незамарање дали ќе стигнеш да фатиш услов или?
Пак има и вежби и предавања, ама не е баш се стриктно по распоред особено за вежбите. Колоквиуми имаме, само не се замараш услов дали ќе фатиш или не. Ќе имаш простор да се договориш за усно.
Дали ќе ни прават проблем при упис ако ги немаме собрано сите потписи во индекс?Некако многу брзо е крајниот рок, а не знам дали би стигнале на сите катедри да ги однесеме, знаеме дека секаде се чека по неколку дена.
Јас немам ни потписи ни оценки по сите предмети во индекс, ама во iknow ми се сите внесени, лани не правеа проблем, се надевам ни сега нема..
I kaj mene pishuva deka treba anatomija 3 za mikro 2..ne bese taka minatava nedela, imaat izmeshano nehto. A potpisi vo iknow imate samo patofiza i mikro 1 taka?
Да да сигурно, кај колеги од група кои немаат положено анатомија им дава да го запишат микро2, а на други не. Измешале сигурно.