И јас мислам според статут на УКИМ во текот на една академска година само трите сесии се дозволени (кога се запишував на факултет го прочитав така беше, сега не знам дали има промени), оние казнени што се најверојатно различно на некој факултет се одржуваат или не се одржуваат, ама мислам дека не се обврзани никаде да дадат казнени сесии.
Не само што немаме казнени сесии туку ужасно тешки условни предмети што треба да се положат за само 3 сесии. Дури на парните семестри кратат по една сесија како што се Анатомија 2, Патологија 2 овие предмети треба да се положат за 2 сесии што е невозможно да се постигне. Тие се свесни за се и намерно го прават тоа.
На општа медицина во предклиничкиот дел не постојат казнени сесии. Единствена казнена сесија ќе имате само меѓу петта и шеста година, и тоа во таа сесија ќе бидат понудени за полагање само три предмети, од кои ќе смее да бирате само два. Само катедрите по Трудова медицина, Педијатрија и Гинекологија (како дел од катедрите на кои се оди на стаж во шеста година) се согласуваат да дадат казнена, ама секој студент смее да полага само два од тие три предмети во сесијата, што значи дека ако некому му останале сите три сепак нема да му е доволна таа сесија. Како доктор кој го минал тој пат кој вие сега го одите, без врски, без да изгубам година, со само еден паднат (неусловен) предмет во шест години студии, можам само да ви дадам поддршка и да ви кажам дека сепак се успева со волја и упорност. Ништо не е невозможно, и иако се потребни челични нерви, сепак сè ќе помине.
Ви отвара на iknow во запишани семестри и предмети делот? Се друго ми функционира само ова не сака да се отвори веќе 2 дена. А, сакав да проверам нешто само, среќа пред да падне цел систем запишав семестар, не знам шо е работава што не може да го оправат толку дена...
Здраво сакам да прашам какви се правилата за предметите на медицински факултет во Скопје од 4та годината па натаму, бидејки до 4та имаме услови и за секоја година треба да се положени условните предмети за да можеш да ги слушаш предметите од следната година, е сега како стојат работите од 4та нагоре колку е точно тоа дека нема условни предмети и дали има некои критериуми кои треба да се исполнат за да се запише 5та 6та година?
Здраво , како можам да се логирам во iknow системот или би требало да почекам да ми пратат мејл од факултет зошто пробувам неколку пати меѓутоа покажува невалиден обид
Условни предмети има за започнување на 6та година со стажовите. Треба да ти биде положен или Интерна или Хирургија за да почнеш со стажот. Потоа Педијатрија, Гинекологија, Трудова, Семејна мед.
Кога си се запишала ти праќаат Провери во спам и слично И тој линк сега ќе ти е невалиден и треба да одиш со заборавена лозинка
Дали Хисто 2 и хумана генетика се услов за некој предмет до 3та година? Дали ќе можам да запишам V семестар ако не ми се положени?
Има студентски информатор можеш да си видиш кои предмети ти се услов за да слушаш предмети од наредниот семестар.