Некој што студира на медицински во Скопје да каже искуства со проф. Миленка Благоевска по трансфузиологија ?
Здраво,сакам да се запишам на медицински факултет за физиотерапевт или радиолог,незнам ни дали МАЛКУ имам шанси за ова бидејќи средно учев угостителско со три години и четвртата година ја земав вонредно за завршен испит. Искрено не сум мн. запознаена со овие работи па ме интересира дали може да се запишам со завршен испит на било кој факултет и оценките ми се прва,втора 4-5ки но во трета и четврта имам и по некоја 3ка...За факултет воопшто не ни размислував дур идев во средно но сега и тоа како гледам дека ми е потребен факултетот,па би била благодарна ако ми одговорите!
Дали некој има некои информации за медицинскиот факултет во Љубљана, како оди запишувањето, колку поени, колку повеќе информации толку подобро би ми значело многу
Јас сум запишана општа но според моите другарки кои се запишаа на некои од тие смерови дознав дека за приемот немало некоја голема конкуренкција, како и да е најбитна е државната матура така да оди се според неа (не сфатив дали си полагала или не, но ако не си полагала потруди се да постигнис добар успех поточно добро проценти) и пробај ништо нема да изгубиш, среќно
Учам средно физиотерапевт и сакам да продолжам на истото но незнам дали во Битола на Високата медицинска школа или во Штип? Кажете мислење
Битола. Ем ти е градот поубав, а и Високата мед. школа е пореномирана, многу поискусна за разлика од Штип.
@Оленка* @MagsDestiny A за генетика колоквиумите, поточно првиот од презентациите на Петличковски што е?? Навистина ли се доволни само тие презентациите и какви се прашањата?? Пошто има тестови во копирница ама 200 денари се којзнае од колку години собирани цел куп се и мешан материјал од цел предмет, не знам кое што е... Исто не ми е јасно со оценувањето како иде и собирање поени :/ Ако не ви е тешко, да ми објасните какво искуство имате со ова.
Во копирница колку за да земат повеќе пари истите прашања, само со различен фонт и големина ги принтаат по неколку пати и така на куп ги продаваат, затоа се толку. Плус зависи од комбинациите, мешани се прашањата за да се добијат повеќе комбинации. Јас одев само на прашања и презентации, истите се паѓаат, учев само за завршниот испит што се покажа дека е доста лесен. На генетика нема положен/паднат колоквиум, едноставно се е на заокружување и колку погодиш толку бодови имаш и на крај собираш. Мислам дека беа три колоквиуми, чиј збир носи вкупно 100 бода, од кои ако освоиш минимум 60 можеш да пристапиш на испит. И еве пример на првиот си освоил 25, на вториот 5 а на третиот 30, значи имаш вкупно 60 и можеш да полагаш испит.
Дали некој може да ми каже како оди префрлување од Штип во Скопје бидејќи знам дека некои предмети не се исти прва година
Професорката е океј, бара редовност на предавањата, инаку писмен е и колоквиумот и завршниот така да колку ќе научиш толку ќе добиеш. Не се лажи да учиш само од прашањата ако сакаш 9 или 10ка. Читај ги, се паѓаат доста меѓутоа само до 8ца.
Здраво Слушнав дека доколку имаме под 8.00 (или под 8.50, не знам како точно беше) немаме слобода сами да си ја избереме специјализацијата која што ја сакаме, туку државата ни бира. Може ли некој да ми каже повеќе информации во врска со ова?
Знае ли некој дали се реализира клиничка пракса на УГД Штип. За студентите запишани на 3 годишните стручни студии. Молам да пише ако некој има информација
Вака...сакам да се запишам на Медецински на радиолошки техничар..Барав многу низ темата ама нигде не прочитав нешто за радиолошки техничар. Она што сакам да прашам е дали некој го студира ова, дали некој сака да се запише, на кого и да кажам за овој мој избор никој не ме подржува затоа што имало многу зрачење и дека било штетно не само за пациентите туку и радиолозите. Ова ме плаши, но навистина ми е не логично, како може вработените да имаат штетно влијание?
Сакам да студирам дерматологија но не сум добро запозната дали има посебен смер за тоа или мора прво медицина да се запишам па потоа да специјализирам за дерматолог ?
Дечки а можно ли е да работиш а истовремено и да одиш на факултет медицина или невозможно е... Јас 4 сум годинава и незнам дали да одам факс медицина оти тоа многу години се а друго да одам нешто незнам што
Ако сакаш да одиш на општа медицина мора да бидеш редовен студент а на тригодишните студии можеш и да бидеш вонредна и воеедно да работиш.