Ако паднеш усно, колоквиумите нема веќе да ти важат. Џекова само земи си ја, од другите книги ќе си печатите делови кои се потребни, целосни другите книги не ти требаат
Јас од Џекова само учев и тие материјали што ни ги праќаа како дополнителни за нивните делови професорите. Не користев Харпер зошто ми беше повеќе збунувачки него помагачки. Џекова се покажа доволно кај мене зашто и двете биохемии ги положив без ниедно паѓање, така да слободно учи од неа и тоа што ќе пратат професорките, може и без Харпер. Практикум оригинал да.
Земи си ја Џекова, а од останатите следете на предавања од каде кои страни ќе ви кажат и ке си ги ископираш.
Здраво на сите! Јас сум нова на форумов и планирам да се запишам на медицина следната година. Дали е дозволено ние што учиме во гимназиите да се запишеме? Како функционира факултетот? Дали навистина е толку напорен? Дали навистина професорите не се толку пријателски настроени? Колку во просек трае едно предавање? Колку предмети има во една година? Ако некој може да ми објасни би била многу благодарна. И уште едно прашање: Кој совет би го дале вие самите на себе кога почнавте да студирате медицина? Ви благодарам и имајте пријатен ден.
Здраво Аленас, http://medf.ukim.edu.mk/?page_id=2647 еве линк за моменталниот распоред оваа година. колку да имаш претстава. Комбинирано е со физичко присуство и онлајн за сега. Совет од мене ти е да си бараш луѓе за општа медицина за упис,зошто оваа година ненормален број на студенти не ги примија. Независно дали си 5.00. Се правеа тешки дубари,се мењаа поени во последен момент за да влезат студентите со привилегии. Студенти со 97 поени веќе влегуваа во приватна квота,значи ќе ти бидат потребни добри 99/100 поени за да имаш позадина, плус што ќе ти треба некој да те подгурне зошто оваа година како хиени бевме сите за да влеземе. На матура биологија и хемија ти се преесудни за уписот на општа. За професори и предавања сеуште не знам,но верувам дека како ќе се поставиш ти со нив така и они со тебе,и туп таму ако има некој не токму професор. По тоа што ми кажуваа,само добра органиција на времето со учење,огромна посветеност. Уживај сега додека можеш зошто само што видов имаме две колоквиумски недели за време на Нова година
Сите ми го кажуваат тоа. Јас не сум сигурна дали ќе упаднам бидејќи не сум 5.00. Во прва година бев многу добра а во втора и трета одлична (4.5). Многу се плашам за уписите и за тоа дали ќе имам шанси да влезам и како ќе се снајдам во медицината. Инаку знам дена ние што сме од ромска националност имаме поголеми можности за упис бидејќи ни се додаваат поени на национална база. Се надевам дека ќе биде се во ред и дека не е толку страшно како ми се чини. Инаку ти благодарам и со среќа на колоквиумските.❤
Преку националност ќе влезеш доколку имаш повеќе поени од тие што влагаат преку истата националност. Фала ти мила
Вие сте во посебна група, не ви се додават поени на национална база т.е од тие 200 примени вие сте плус
1. Секако дека може да се запишат и гимназијалци. 2. Да, напорно е, и не би рекла дека е тешко (туку напорно). Има обемен материјал, а релативно малку време за спремање. А и зависи како учиш, дали секојдневно (редовно), или кампањски. 3. Професори има од секој сој, има и прекоректни, има и од спротивните, со секакви ќе се сретнеш. 4. Предавањето може да трае и 20-30 минути, и 3 саати, секогаш е различно.
Имам неколку работи нејасни: 1. Анатомија 1 предавањата ќе се слушаат од видео - презентации, т.е. сами ќе си го учиме материјалов? 2. Зошто МИФ и Биофизика има распоред за вежби и по колоквиум? МИФ има поставен само еден колоквиум, а не два? 3. На распоредот за предавања колоквиум за биофизика е на 30.12.2021, а за анатомија е 31.12.2021, а на распоредот за вежби биофизика колоквиум пишува на 28.12.2021, а анатомија на 29.12.2021? 4. Вовед во медицина регуларен колоквиум на 05.11.2021, а на други распореди го има и на 29.12.2021?
Бидејќи со колоквиум не се завршува со целиот материјал.Миф има еден колоквиум бидејќи има колоквиум само за делот морофологија на клетка, за физиологија на клетка се полага на испит. Секогаш има вакви грешки, ќе ви кажат од катедрата кога е точно.Иако најчесто е како во распоредот за предавања. Тоа се две различни колоквиумски недели.Не се сеќавам дали вовед имаше два колоквиуми и испит или еден колоквиум и испит, ако има два тогаш така си е како во распоредот, ако не, едниот термин е грешка. За анатомија, секако сам ќе си го учиш материјалот, се е е на памет.Претпоставувам дека снимените видео материјали ќе бидат снимени предавања од професорите.
Вовед само 1 колоквиум ни беше и тоа во прва колоквиумска недела. Мислам и лани така им беше, не ми се верува да смениле.
1. Пишува дека ќе се на платформата поставени. Во поголем дел од случаите се сами си учиме, тоа не е новост. Годинава со некои снимки имавме помош, друго се сами. Иако има 1 колоквиум, и по него следуваат предавања и вежби. На медицниски ништо не може да се положи преку колоквиуми полагани во колоквиумски недели. Секогаш секој предмет има нешто за полагање во испитна сесија. Значи за секој предмет имаше колоквиум(и) и испит или само испит. Претпоставувам ова те збунува бидејќи на другите факултети скоро се се завршува на колоквиуми.