Здраво ќе може ли некој да ми каже нешто повеќе за смерот медицинско лабараториска дијагностика од типот на работни позиции, начин на полагање и сл.
каде е префрлена точно катедрата за здравствен менаџмет позади хипократ реновираат ништо нема за оценка ми треба?
Мислиш на катедра по социјална медицина? Ако за неа збориш, над хистологија и микро е сега, во зградата за институти ја префрлија.
Само нивниот дел е среден, ќе го најдеш, не се сеќавам дали лево или десно беше, но ништо друго освен нивната катедра горе нема уште.
Јас сум на смерот запишан. Во врска со работни позиции можеш во секакви лаборатории (биохемиски , хематолошки, имунолошки и генетски итн...) да работиш , зависи како ќе најдеш работа. Перспективен е доста во тој поглед а и се бара како струка заедно со медицинските сестри кои се дефицитарен кадар. За начин на полагање , секој предмет си е своја приказна некој се полага писмено со 1 тест и завршуваш , друг писмено со 2-3 теста (колоквиуми) па се до комбинирано писмен тест и усен испит пред професор и асистент. Ако те интересира нешто подетално слободно пиши ми.
Дозволуваат на институт да се вежба(сега со пандемијата дали дозволуваат ќе си прашате) можиш да побараш некој од постарите генерации изнајмува сигурно. Само со вежбите и атласите ти е доволно
Верувај ми, коски се најмал проблем во анатомија, за ден два се совладуваат, најголема посветеност бараат крвните садови и нерви.
Korisnickoto ime e toa najdolu na iknow, a lozinki koga ke ni dadat za vklucuvanje na teams? Tamu ke se odrzuvaat online casovite znaci?
Учебник имунологија од Куби, практикум имунолошки и анализа на случаи. Нас лани ништо не ни бараја оригинал бидејќи вежбите беа онлајн, за годинава не знам.
Не брзај со земање копии особено од практикуми додека не ви кажат дека може, лани особено биохемија имаше колеги по двапати практикуми земаа.
Некој кој што полагал физио2 усно, ако може да ми каже, дали ги прашуваат тие неколку вежби, кои што се прават на physio.exe, a ги има како испитни прашања?
Може да се отиде на институт да се изнајмат коски и да си вежбаш колку сакаш таму во вежбалните, бесплатно секако.Сега не знам како е со меркиве, ама се надевам дека ќе ви дозволат. Едит: сега гледам дека ти одговориле и пред мене.Инаку има и луѓе што изнајмуваат за дома, ама реално како што пиша и колешката потешки се крвни садови и нерви за совладување.Единствено за глава се малку позезнати коските, ама имаш и 3д атласи на интернет кои се одлични модели за учење.