Дали ова што стои МИФ во вежби е едно а ова што стои како самостојно МИФ во распоредот е друго? Дали тоа самостојното МИФ ќе е онлајн или со физичко присуство?
Онлајн на тимс во времето кога е наведено Тоа кај вежби е вежби, кај предавања е предавања, вежбите се со физичко, а предавањата онлајн Групно координаторката ги носеше, инаку на кардиологија веројатно тие го држеа предметот
Дали на некој друг му се совпаѓаат термини бидејќи мене ми се совпаѓаат термините по хистологија и МИФ?
Кај повеќето групи доаѓа до совпаѓање на две предавања во ист термин. Дали е тоа така кај сите? Грешка е или...?
http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2018/06/3090_565237979.jpg оваа уплатница беше за потврда за редовен студент нели?
ЈСП картичката, за да ја продолжам е доволно само потврда за редовоен студент да приложам нели? не се плаќаше ништо додатно? И истата ќе ми важи до декември 2022 нели?
Само потврда и на одреден период се менува и картичката 200 денари, на некоја година, не ми текнува баш
ама тие 200 денари ги носевме во ќеш нели? не требаше да ги носеме преку уплатница или грешка се сеќавам? Инаку знам дека картичката исто се менеше на некоја година ама и јас не можам точно да се сетам на колку, ниту пак на неа пишува до кога важи, а прв пат ја извадив октомври 2019
Кога ќе одиш да ја обновуваш ќе ти кажат доколку ти е истечена важноста на самата картичка. Јас ја извадов во септември 2016, ја заменив во септември 2020, се плаќа 200ден на лице место, не преку уплатница. Инаку, освен потврда за редовен студент бараат и индекс на увид. Значи индексот е задолжителен, не продолжуваат без него.
А до кога ни важи на нас што лани бевме бруцоши? Знам дека не ја продолжувавме и важеше цела академска година , е сега до декември 2021 ни важи или сега на почеток на октомври ќе треба да однесеме потврда?