Јас учев од рускиот-Синелников, барем за остеологија сметам дека е подобар од Нетер, за останатите делови можеби Нетер е поилустриран и има подобри прикази особено за Анатомија 2. Собота исто мислам дека е солиден. Доколку се двоумиш дали да купуваш, јас би ти препорачал да позајмиш или да купиш веќе користен. Навистина нема потреба да фрлиш неколку илјади за атлас, плус сега има и доста апликации кои се бесплатни и многу го олеснуваат учењето.
Плус има прекрасни слики и видеа на јутуб, сега да сум прва воопшто не би ги фрлела тие 5-6 илјадарки за атлас.
Замолувам некој да ми ги прати прашањата за државен испит/ лиценца. од Црвец. Барав по интернет, но ги нема објавено.
Во секоја катедра има повеќе професори и сите предаваат, скоро секој час е различен професор. Не ви значи тоа кој ќе предава, на усен испит може кој било професор од тие во катедрата да ви е, не е само еден професор на предмет.
Како мислиш кои професори? Не е ова како средно и нема такво објавување. Предавањата ги одржуваат сите професори од една катедра (департмент) по нив утврден распоред. Исто и за полагање , се полага кај сите професори со влечење и можеш да полагаш кај сите, нема одредени професори за одреден смер освен за тригодишните можеби тука се организираат малку но сепак пак повеќе професори држат предавања. Примерно во катедра по анатомија се околу 9-10 професори , сите може да ти предаваат и кај сите тие може да се паднеш да полагаш испит.
Малце нападно звучеше ова хахаха. И јас би помислила дека има нешто со професори бидејќи на друг факултет кадешто знам студенти од повисоките години кај тој што слушаат-кај тој полагаат или им се 1-2 професорс, па се поделени. Инаку, фала на опширното објаснување и јас незнаев. <3
Моја грешка што се изразив така хахаха.. некако чудно ми падна па затоа. Инаку да , на медицински се е поразлично од другите факултети и ние сме еден засебен факултет тука и невозможното е возможно и се излегува на виделина откако ќе почнете. Со среќа почетокот и совет да не се оптоварувате од старт кој предава кој е строг кој е добар , гледајте да се посветите повеќе на материјалот бидејќи анатомија особено бараат сеопфатно знаење кај било кој професор. Направете си план , организација и започнете со учење уште од првиот ден за да бидете добро подготвени
Потполно се согласувам, медицински гледајте го како засебен дел од сите факултети, буквално се поразлично тука функционира, не правете споредби затоа што ништо нема да ви изгледа слично. Некои професори воопшто ништо нема да ви предаваат, нема да ги знаете од предавање, а пак ќе полагате кај нив, особено на клинички предмети каде што има премногу професори. Пример ќе ја земам анатомија 1, само две професорки предаваат, а сите испрашуаат.
Можеш да земеш книги кога сакаш. Би требало на првото предавање да посочат кои книги и практикуми, така да не ти е итно, можеш и после неколку дена.