Дали некој студира протетика? Ќе ми објасни ли некој повеќе за предметите, оваа година сум матурантка, а јас уште не знам што ќе се запишам.. Дали има многу хемија и тешко ли е многу?
Прашање до колешките од 2 и 3 година. Кога полагавте хемија во прва како го полагавте предметот во јуни, професорката ни рече дека усниот дел би бил 2-3 дена после практичниот, а материјалот е преголем за да се научи за краток период. Ако може совет да дадете што би правеле ние дали може да се помести усниот неколку дена понапред.
Откако ќе го полагате практичниот, после неколку дена ќе добиете резултати од него и ќе истакнат списоци кој студент кај која професорка е паднат да полага. После тоа, или сите групно, или секој индивидуално, ќе си појдете кај назначената професорка да си се договорите на која дата да полагате усно.
Здраво, дали ке може некое инфо плус за факултетот што е за мед. сестри во Скопје? Какви се предавањата, има ли пракси, каков е пристапот на професорите, дали има материјали а учење и какви се материјалите? Фала
Дали може да се префрлам со еден неположен предмет од УГД на УКИМ-општа медицина (после прва година)?
Матурантка сум и сакам да се запишам на овој факултет.Ќе може да ми кажете со каков успех примаат и нешто по конкретно за професорите и како е да учиш на медицински факултет?
Зависи за кој смер сакаш, и на кој медицински факултет сакаш. На УГД во Штип не знам како е, а за на УКИМ во Скопје за тригодишните стручни студии знам дека примаат со многу малку бодови, додека на општа медицина во приватна квота примаат со најмалку 88-89 поени, зависи од годишната конкуренција, а за во државна квота со најмалку 94-95. Поконкретно за професорите малку е тешко да се објаснува зошто не е средно каде што за секој предмет ти предава еден професор па сите го знаат каков е, тука на секоја катедра имаш по 5-6 професори од кои сите ти предаваат и секој си е приказна сама за себе. А за учење, секако дека е тешко, нема зошто да се лажеме, материјалите се многу и се обемни, но ако тоа е она што го сакаш, ќе се стегнеш и ќе учиш.
Страв и трепет на цел медицински хахахх. Јас ја имав таа среќа ниеднаш да не се паднам кај неа за сите три анатомии, ама сите колеги кои биле кај неа имаат уплав. Бара буквално се до најситен детал, на тестови кај неа има и работи кои другите професорки кажале дека нема да ги има, на усно испрашува темелно до детали и многу лесно паѓа студенти.
Женски, прва година сум па се уште не знам, затоа прашувам. Дали летен семестар на медициниски треба да се завери сега, затоа што нема никакво соопштение на страната, или кога ќе запишуваме зимски во септември се наеднаш? Затоа што имам другарки на ПМФ и филозофски, ми кажаа дека тие веќе си завршпиле со завервање на летен, ама можно е нели да е поразлино кај нас па да прашам. Благодарам!
Овој сега што го завршуваш е летен. Таму крај на август почеток на септември се запишува зимски, па наредниот летен се запишува во јануари.
Тоа го знам, прашањето беше дали сега треба да се завери летен семестар, а зимскиот да се запише во септември, или и заверувањето на летен и запишувањето на зимски семестар се извршува во септември истиот ден?
Некој поупатен овде ќе може ли да ми даде повеќе информации околу уписите на медицинскиот факултет во Скопје за оваа година?? Кога се, како, што ??? И дали од почеток се бира насока или како оди тоа? Ве молам за одговор
Јас кога се запишував лани, уписите беа некаде во август ако не грешам. Ќе излезе или веќе има излезено, не знам, конкурс во весник за сите факултети, колку слободни места има на факуктетите, насоките и сл. Инаку, да, кога се запишуваш се определуваш дали сакаш да се запишеш за сестра, физиотерапевт, логопед, општа или радиолог. Проверувајте на страната на медицински, www.medf.com.mk , таму ќе објават кои дати се уписите, лани траеа два дена, и кои документи треба да ги донесете. Инаку, кога сме веќе кај документи, најискрено ве посовветувам на време да си ги средите сите потребни документи, бидејќи лани имаше многу случаеви да фали некој документ па да ги враќаат а имаше премногу гужва и премногу луѓе. И кога ќе одите да се запишувате одете си посабајлечки, после тоа одат сите. И не мора да се брзате да отидете уште првиот ден, може и вториот, не е како да нема да ве примат ако сте отишле вториот ден, демек пополнети места, затоа што кога ќе заврши првиот рок тогаш ги прегледуваат документите и се пополнуваат местата, ризично е ако се запишувате во втор рок. И уште нешто за крај, хахаха, откако нели ќе помине прв рок, ќе си однесете документи, после некој ден ги истакнуваат примените и истакнуваат што треба да се однесе после тоа, тоа е моментот кога ги носите тие листи за запишување на зимски семестар и добивате индекс и ви оотвараат папка во студентски прашања. Се надевам дека помогнав, ако има уште нешто слободно пишете ми во ЛП.
Фала, иначе нема конкурс сеуште Незнам што ќе се прави.... знам дека претходните години ова време веќе имаше конкурс а сега нема... Веројатно дека УКИМ нема ректор моментално...