Мислам дека некој од координаторите пиша дека пола групите ќе слушаат овој семестар, а другата половина наредниот.
Едната половина слушаат интерна другата хирургија и педијатрија, па после наредниот семестар обратно, така беше кај нас
Имаше на водњанска едно продавниче каде што се продаваја дали го има сеуште нз али од влезот на клиника надолу спушти се од лева страна и побарај. Ќе најдиш
Каде се одржуваат вежбите по хумана генетика? На ИИБХГ колку што сум видел има 2-3 простории и се многу мали , има некое посебно место или лаборатории?
Ние хумана генетика дел ги држевме вежбите таму, тоа барачето пред инфективна, а дел во амфи педијатрија
Колеги ќе може некој да ми објасни како иде процедурата за промена на изборен предмет? И да ми посочи некој ок изборен предмет, по можност што не е со полагање?
Има учебник, но би ти препорачал да следиш предавања или да ги користиш и презентациите како учебно помагало бидејќи има информации во учебникот шо се застарени и/или грешни, а никој од професорите не го посочува тоа на предавња туку тек на испит кога ќе дојдеш.
Дада бев во ситуација сега на испит да кажам оти е нешто грешка во учебникот и ми вика нема шанси да пишува така, грешка имате прочитано
Од колегите што слушале Микробиологија 1 и 2 Немаме иста програма но литературата е иста за нас па сакам да ве прашам практикумот колкав е и ако практичниот испит ви бил усен како се одвива , само 1 вежба се одговара (со подпрашања) или повеќе?
Dali za vadenje jsp karticka, osven potvrda za redoven student od fakultetot i drugo nesto treba da se zeme?
Мене професорката ме прашуваше повеќе вежби, ама не да ги раскажувам целосно, туку блиц прашања, од различни вежби. Секако, ме прашуваше и од теоријата што ни беше за испит, и се на се, околу 40-50 минути траеше испитот.
Aха... Годинава ќе биде интересно на нас што Микробиологија ни е еден од најбитните предмети вежбите ни ги ставиле скроз онлајн а според програма имаме усни практични испити и во прв и во втор семестар (за делот општа и специјална бактериологија и општа и специјална вирусологија). Се надевам барем имаат некаква корист тие "онлајн вежби" иначе тешко нас.
Па, добри беа вежбите, мене интересни ми беа, баш би ги издвоила како подобри, и квизови решававме после секоја вежба. Колку што може да се биде добро онлајн, беше.