Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Adelena

    Adelena Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали кај катедрата по Хумана Генетика и Имунологија е задолжително носење на мантили на вежби и полагања?
     
  2. Bernini

    Bernini Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2019
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    62
    Доколку може некој убаво да ми појасни, ако двосеместрален испит се положи писмено во јуни, и доколку во јуни не е даден рок за завршен усен испит, а во септември на усно прв пат паднеш дали треба да се презапише испитот. И дали доколку е условен можеш да слушаш следен без да го полагаш или немаш право ни на слушање нов предмет.
     
  3. Martin19

    Martin19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    A vo indeksot mora zapisani da se predmetite ili nee vazno toa?
     
  4. ♡ Македонка ♡

    ♡ Македонка ♡ Нов член

    Се зачлени на:
    29 септември 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали навистина само 30% присуство на вежби радиологија е доволно за потпис?
    5 од 10 вежби овој семестар радиологија ми се поклопуваат целосно со анатомија 3 вежби. Дали ќе ми дозволат 5 пати да сменам вежби, ако не нема да ми дадат потпис во ситуацијава?
    Ве молам за совет и искуства ако сте биле во ваква ситуација, што да правам? Дали може целосно да сменам група за радиологија, да ми дозволат да одам со некоја друга што не ми е во iknow?
     
  5. evvgg_K

    evvgg_K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    33
    Колегите кои сте слушале дерма, интерна и неврологија дали може да ми кажете од кои книги треба да се учи и дали има практикуми?
     
    На stingray му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    6.740
    Пол:
    Женски
    Микро беа добри вежбите онлајн, убави презентации правеа, со доста слики. Обавезно да ги слушаш и да си фаќаш белешки, кажуваат доста работи надвор од практикум за да појаснат, во практикум многу кратко е напишано. Мене тоа премногу ми помогна за полагање и во спремање.
    А на усно нас по 1-2 вежби не прашуваа си раскажуваш, ќе добиеш нешто потпрашање за да видат дали разбираш или само си набубал. Премногу коректно полагање ми беше, добар пристап со студенти имаат, сакаат најдоброто од тебе да го извлечат.
    За сите вежби ви бараат мантили, освен за вовед во медицина, промоција, англиски.
    На полагања анатомија бараат и тоа само за практичен испит.
    Мора да се
     
    На Martin19 и Larson им се допаѓа ова.
  7. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Здраво дали ќе може некој од постарите генерации да пише совет за дерма, неврологија, инфективно и интерна. На што да се обрне внимание, каква е праксата, достапност на материјали за учење и сл. Вежбите ни се сите со физичко присуство освен на хематологија. Поздрав
     
  8. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу задоволна искрено од микро 1 вежбите, иако ни беа онлајн, пошо имаше време и белешки да фатиме и буквално од едно слушање ја учиш секоја вежба. Така да иако се онлајн, не верувам дека ќе се лоши.
     
    На Glowy, Lollipop_123 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  9. minegrouper

    minegrouper Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    82
    важи фала ти многу
     
  10. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    Да прашам за колешка едно глупаво прашање.
    Девојчево не положи анатомија 3 и не фати услов за патологија и клиничко. Е сега, таа сака оваа година празна да ја запише, при што ќе ги исчисти само предметите од втора, презапиша анатомија 3 и плус да доположи од летен семестар нешто. Предмети од трета воопшто не запиша. Ја интересира в година кога ќе ги слуша тие од трета, значи би доаѓало да ги слуша по прв пат тогаш, дали ќе треба при упис да плаќа презапишување на кредити за нив (зборувам за овие што може да ги слуша ама не ги пријави годинава). Јас мислам дека не треба, ама ништо не би ме чудело со нашиов факултет.
     
  11. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Не треба да ги плаќа ако прв пат ги слуша.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Неврологија има една голема книга од Вера некоја авторка беше, ја има во библиотеката на медф. Интерна ги користевме тие од Серафимовски големите книги, плус за ЕКГ има посебна книга од проф.Љубица, нооо за Интерна прочитав на нет дека извадиле нови три тома од катедрата мислам по тие треба да учите. Дерма има во копирница исто е поголема книгата од катедрата беше. Практикуми немаат овие барем колку што се сеќавам, на клиничките предмети освен Инфективно не знам друго дали користевме и дали воопшто има.
     
    На evvgg_K и Lavender4 им се допаѓа ова.
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    6.740
    Пол:
    Женски
    Првпат в година ќе ги запише, ќе си плати нормална рата од семестар.

    Не знам колку предмети од втора и се останати и секако кои предмети е важно, но мој совет е барем микро 2 и патофиза 2 да запише, нема да има проблем ни со вежби секако се онлајн, а барем во оваа "празна" година може да положи два потешки предмети кои може да ги слуша, за в година да и е полесно и само на патологија да се фокусира. Ама пак ќе кажам зависи што нема положено од втора и ова е чисто совет, идеја, не наметнувам да го направи тоа.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Праксата зависи од асистентите што ќе ти се погодат, особено на Интерна зошто се милион асистенти и оддели. Има прекрасни асистенти кои и плус вежби ќе ви закажуваат (такво искуство имам на кардио и пулмо), ама и такви кои воопшти нема ни да ги најдете и нема да одржите ниту една вежба за жал и тоа пред пандемија зборувам сега бог знае како е. Инфективно многу ми беа океј и асистентите и вежбите баш онака знаат да ги направат интересни. Невро не се замараат тоа знајте 4-5 вежби ако имате во семестар ништо повеќе, за испит прашањата од памти век ги даваат и сите со нив положуваат, штета за таков предмет ама самите професори не се замараат и си го потценуваат предметот прво тие самите потоа студентите. Најмногу гледајте на вежбите интерна да прашувате се што не ви е јасно и по 100 пати да ви го објаснат асистентите особено околу делот земање анамнеза за да не ви биде проблем за на испит. И совет за интерна за усното да не играте на таа карта на кој оддел сум само тој дел ќе го спремам, прашуваат најмногу од делот на кој ќе се паднеш зошто и на пациент од тој оддел земаш анамнеза, ама потоа навалуваат и со прашања од секоја можна гранка. И не чекајте 5 за 12 за интерна иако се полага дури во јуни загрејте столчето уште од ноември, бара доста време за учење. Инфективно исто добри месец ипол два ви треба за убаво да го совладате, колоквиумот и со прашања ќе го поминете ама усното бара добро спремање, особено за кај проф Миленковиќ и проф Стојковска. За материјали за учење reply-нав на колешката погоре но сепак најпаметно е некој сега што завршува 4та да ви каже зошто јас сум постара и плус вадат нови книги и се менуваат материјалите.
     
    На evvgg_K, котолец и Lavender4 им се допаѓа ова.
  15. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    Значи нема за нив да плаќа нешто дополнително в година?
     
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    6.740
    Пол:
    Женски
    Нема
     
    На motojlo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    12.210
    Пол:
    Женски
    Не, не кога не и се пријавени нема да ги слуша, ќе си ги плати кога ќе си ги пријави
     
    На motojlo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ilajla666

    Ilajla666 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.348
    Некој ако може да ми објасни за физио 1, што треба да се помине за прв колоквиум (до каде) и од кои материјали е доволно да се учи ?
    И ако може слика од скриптата и практикумот ..
    Фала !
     
  19. babybells

    babybells Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    52
    Може ли некој да ми прати слики од имуно и биостатистика книги и практикуми што ќе требаат?
     
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    6.740
    Пол:
    Женски
    Прв колоквиум е мускули, циркулација и кардиоваскуларен, тие три поглавја, ќе се водиш по презентациите и предавањата. За мускули обавезно презентацијата и доволно е од скрипта. За циркулација и кардиоваскуларен доста работи се со исти реченици напишани и во скрипта и во Гајтон, многу работи ќе се copy paste, така што и тоа од скрипта се спрема, некои мали делови ќе ти се од Гајтон, ама се ќе се снајдеш со презентациите што од каде.
    Практикумот е целиот бордо, внатре црно бел, а скриптата е на прва страница е Физиологија 1 и сликичка има.
    Имуно книга Кјуби, практикум, анализа на случаи, по една верзија се нема шанса да утнеш.
    Статистика е книга (во оригинал е зелена) и практикум плав е, исто нема шанса да утнеш кога ќе кажеш што ти треба.