Кога ќе влезеш од главниот влез во деканат, првата врата десно, одма после книжарата, пишува “архива” на вратата.
Здраво, извинете нова сум тука и не сум запознаена баш дали некој знае патологија колку семестрален е? Го слушав во прв семестар.
Ми бараат потврда за заверен семестар, тоа е потврда за редовен или пак да им доставам копија од индекс?
Темава е за прашања и совети , ако некој сака да даде одговор ќе даде . Не е твоја работа да кажуваш колку пати некое прашање е поставено и дали треба да читаме 10 страни наназад да го најдеме истото.. Ако нешто не ти одговара може и да не дадеш одговор .
Има 2 патологии, кои се полагаат посебно. Патологија 1 во 5ти семестар, и патологија 2 во 6. Значи 2те се полагаат посебно, не е како клиничко што се слуша 2 семестри и после се полага. Ова за општа е, ти кој смер си?
Точно 12 се доволно Можам да коментирам кога исти прашања се вратат на секоја втора-трета страна, не викам да листате страни месеци наназад, ама може да пролистате некоја страница
Кај мене стои празно, а ланската ми ја тргнале, сабајле ми ја имаше уште неа, не знам зошто е празно вака...
Се запиша ли на некои од списоците за формирање нови групи? Имаше списоци на кои требаше да се запишуваме и да се формираат 48 групи, барем во трета се толку сега. Мене таа група од списокот ми е внесена во iknow.
Во втора година се пишав да. Изгледа ме тргнале зашто во трета не сум, прво вас може ве запишувале, па после групите од втора.. Ќе причекам деновиве, ваљда не ме испуштиле.
А и денеска петок е, валјда не стигнале сите групи да ги внесат денес, сигурно во понеделник ќе имаш внесено група