Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Имунологија и ние од општа немаме, секретарката рече вчера дури од понеделник па натаму ќе биле готови.
     
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Имунологија и генетика немате во iknow? Барем тие по резултати брзо ги внесуваат, не чекаат индекси и пријави. Одете кај секретарката и замолете ја сигурно ќе ви ги внесе. А за медицина на труд не знам, немам лушано.
    Не
    Во iknow ги имаме, внесени се
     
  3. Anna33

    Anna33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2021
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Дали кај некој што однесе документи за упис на iknow во статус уште му пишува невалиден а свети зелено?
     
  4. babybells

    babybells Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    52
    Дали има уште некој што не му е сменета групата на iknow и дали би претставувало проблем за нешто?
     
  5. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Имаме проблем со iknow и се мафтаме со тој Боро и Наташа веќе две недели , треба да ги молиш за да средат. Конечно во петокот рекоа демек средено било и Наташа ќе ги внела и не ги внесе... катастрофа.
     
  6. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    iknow имаше проблем, ама веќе недела кај што е решен, нема смисла да ве мафтаат ни требаат во Iknow
     
  7. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    А не , ние имаме друг проблем. Пошто сме нов смер и предметите не беа внесени и не можеа да средат со оценки. Ама генетика се ужасно спора катедра резултати чекавме од Јануари до Мај за 30 теста со заокружување и 2 есејски прашања на тестот. Од Мај до сега не ни се внесени на iknow и не им текна да го решат проблемот од деканат, ако не им досаѓавме секој ден немаше ни да средат а прашање е и дали е средено ќе видиме сега од понеделник...

    Инаку вас предавања/вежби на тимс тоа што е закажано ли ви е во сите канали и дали е се точно според распоредот. На нашиот тимс додадени се 3 предмети само од кои само 1 се слуша во октомври до прва колоквиумска а другиве се дури после а тие што треба да се сега ги нема уште додадено нити па нешто закажано. Да не има некакви промени во распоредов или?
     
  8. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Здраво. Заинтересирана сум да запишам МЛД наредна година, дали ќе може некој да ми прати линк од предмети кои се учат на овој смер?

    Дали биофизика е задолжителен предмет на овој смер?
     
    Последна измена: 2 октомври 2021
  9. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Битно нов смер има....

    Засега тоа што е закажано е точно по распоред.
    Се надевам нема промени во распоред.
    Ама очекувај дека секој различно си закажува, може вечерта пред или дента некој час пред да закаже.
    И кај нас не е се закажано за од понеделник
     
    На Larson му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    http://medf.ukim.edu.mk/?page_id=5259
    Ете линк од предметите, биофизика е задолжителен
     
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Што е финтата со испитните прашања физиологија всушност?
    Се влечат прашања на усен завршен испит со тој наслов? Само тоа конкретно треба да се учи за испитот или?
    Дека сега ги навеле во распоредот за вежби што е за семестаров, па ме заинтересира.
     
    На MeckaCia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    Тие се испитните прашања за практично ама си прашуваат и од колоквиум
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Испитните прашања се за усниот практичен испит.
    Најчесто се влечи, а може и да се случи сама професорката да ти каже за кое прашање да одговараш.
    Тоа е за испитот, но може да си прашана и теорија, особено ако ти се падне некоја кратка вежба. Затоа некој ќе ти рече мене не ме праша теорија, мене ме праша, многу зависи што вежба ќе зборуваш. Затоа пример кога ќе спремаш обавезно воведот од секоја вежба читај го, тоа е најглавната теорија во однос на вежбата која треба да ја знаеш, а ако имаш повеќе време добро е да ја пројдеш теоријата што е поврзана со самата вежба, не мора да навлегуваш многу во детали.
    Конкретно наша генерација скоро на секој го прашаа нешто од теорија поглавни работи дека колоквиумите онлајн ги истеравме, за физио 2 бидејќи ептен построги беа на колоквиуми скоро и да не бараа теорија, многу помалку од физио 1.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Фала ви :inlove:
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Прва година што сте, од кај си купивте мантил?
     
    На QueenCleopatra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    По улицата Мајка Тереза (главната од клинички) има неколку продавници за медицинска опрема, имаш и уште долу во гтц во пролазите
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  17. minegrouper

    minegrouper Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    82
    зошто сите предавања се од 16-19ч? сите тие ќе бидат одржувани тогаш ? или само така ги ставиле дека тој ден ќе има предавање?
     
  18. Ivonce3bonbonce

    Ivonce3bonbonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Тогаш ќе бидат. Насабајле има групи на вежби што се.
     
    На minegrouper и Glowy им се допаѓа ова.
  19. darleen

    darleen Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2021
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    72
    Презапишувачите Анатомија 3 ќе одите да слушате вежби?
     
  20. meredith.grey

    meredith.grey Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Во конкурсот за стипендии пишува: „Студентот кој конкурирал за две или повеќе групи на стипендии и ги исполнил условите за добивање, му се доделува стипендијата според приоритетот кој го направил во евидентниот лист.“ Е сега ако аплицирам за втора и трета група, дали ќе треба да вадам по две потврди, две уверенија, два УППИ итн? Или само по еден примерок?