А без внесени оценки во индекс може да се запише семестар?И дали евентуално и наредната недела ќе може токму од недособрани оценки и потписи поради неажурност на катедриве...Сите сега последниве денови им бараат индекси а до некни дремеа..
Колеги (постари и бруцоши) со среќа новата академска 21/22, ви посакувам многу успеси и стекнати знаења.
(само за прва година) зошто имаме предавање од 9.30 и после повоторно од 16.00? на тимс така пишува а на распоредот се од 16.00
aa fala ti mnogu, ako mozes da mi kazes kade go napisala toa? da ne ima nesto za sto ne znam kade e...posto prv pat mi e so microsoft teams, fala ti mnogu!
Ми стигна мејл дека спорт ќе се одвива на зоом и ќе мора да вежбаме пред камери,дали се сериозни и што ако не бидеме присутни ,менува нешто??
Не знам како беше лани, ама менува ако не си присутен затоа што нема да ти дадат потпис, што е услов за упис на втор семстар или втора година, не знам точно. Тие што отсуствуваа кај нас одеа некаде во некоја сала да “дообработат“. Ама некој сега што е втора нека каже ќе ја тагнам @babybells таа мислам е втора сега
Колеги да ве прашам нешто.Некој ако има купено фотокопија патофиза 2 денес од трио да ми каже која цена е? Исто така, да не знае некој каде може да се купи оригинал патологија од робинс и отприлика која цена би било?
Оригинал робинс нема да се купи вееке долго време, имаш во академска книга некое издание на англиски не знам кое точно инаку робинс се позајмува од библиотека
Спорт сфатете си го како сериозен предмет колку и да ви изгледа чудно и смешно зошто ако не се уклучувате не добивате потпис а со тоа не можеш втор семестар да запишеш. На zoom се уклучувавме по повеќе групи, координаторот се договараше со професорката кога да се одржи часот, во неделата имате по еднаш. Ќе повежбате 1 саат, проф е добра и пријатна, музика пушташе во позадина беше интересно само што од дома вежбаш. И на крај од часот ве чита за присуство. Не знам колку пати е дозволено да не се уклучиш, прашјте си тоа за сигурно зошто лани колегите што имаа повеќе отсуства држеа часови за време на сесија, а тогаш се спремаат испити и временски баш нема да ви е во ќар тогаш да се пуштате. @lilsomeone
Библиотеката е во зградата со институтите на долен спрат (мислам дека тука беше и амфитеатар 2) ? Дали некој знае дали работи деновиве и каков е принципот за земање на книги од таму?
Дали некој од 4 година ОМ слушал денес интерна - хематологија,дали имате случајно мејл од раководителите на интерна но од одговорните професори од хематологија. Треба да имаме предавање со катедрава ама ги нема нигде.