Здраво дали ги има достапни книгите по Анатомија во пдф форма? Доколку некој ги има би го замолила да ми прати
Во еурофарм аптеките имаш од microlife тој што е над 1000 денари, многу доктори го користат него и е солиден
Јас имам од GIMA со дизајн од типот на литман. Полесен е во споредба со тие од microlife и супер се слуша, мислам дека нема некоја разлика во однос на звукот со microlife. Ги има во повеќе бои, јас го зедов од betty аптекaта спроти главниот влез на клиниките, 1750 ден мислам беше. Едит: не го тупете многу со стетоскопите, секако нема да треба да диференцирате срцеви шумови, а за друго сите се океј.
Да, мислам 2 или 3 беа ако не се лажам и се враќаа на крај на семестар. Некоја од постарите членки нека каже како е поточно, бидејќи јас не запамтив.
Дали може да запишам предмет чиј условен предмет не е положен?? Со некоја молба да пишам така нешто???
Здраво, да ве замолам да ми пишете какви се предметиве од трет семестар, биохемија 1,физиологија 1,имунологија,статистика и анатомија 3. Дали сите се учат од учебници, или некои може да поминат со скрипта или прашања. Фалави многу ми е важно мислење од колегите што ги поминале
Со прашања дека се поминват тешкобиохемија, физиологија и анатомија 3 се условни предмети и треба солидно учење на материјалот, имунологија е обемен предмет пак треба да се издвои време, а покрај претходните 3 е тешконајлесен е статистика одма се полага
И да надополнам, ако мора од Робинс, дали да се учи од ,,Основи на патологија според Робинс" или ,,Патолошка основа на болести" тој поголемиот учебник што е?
Јас учев комбинирано скрипта, книгата "Основи на патологија според Робинс" и презентации и поминав одлично. Водете се според презентациите, бидејќи ако учите само од Робинс ќе се изгубите.