This. И јас учев комбинирано, пример се сеќавам Башеска си имаше сопствен материјал - флаер и од него беа прашањата. Друга работа, Гајтон, Робинс, Ленинџер… итн се преогромни книги кои содржат речиси сѐ за областа во даден момент, невозможно е да се совладаат комплетно, особено не за толку кратко период со 3 колоквиумски. Тие книги најдобро е да се користат како reference за дообјаснување, нешто повеќе и сл.
Значи со Робинс би дошло како лани Гајтон што го користевме, повремено според презентации и за дообјаснување на работите?
А, радиологија од каде учевте за колоквиуми и усен испит? Немаме се уште ни вежби ни предавања одржано, ништо не ни кажаа за литература, а колоквиумот е за помалку од месец дена.
Сите викаат дека има само презентации.А секако ако му се учи на некој, има онлајн да се симнуваат книги и слично. Јас лично не можам само од презентации да учам, верувам и други, така да ако има некој наслов што сте го користеле постари колеги, посочете го.
Прашав во копирница, ми посочија некоја српска книга/скрипта, ама и тие не беа сигурни дали треба таа.
Од која литератур физиологија 1 најдобро се спрема материјалот? Дали од Гајтон или некоја книга што имало издадено од катедрата?
Земи си скрипта, гледај презентации и ако имаш време помини го и Гајтон еднаш. Јас лани многу малку учев од скрипта, повеќе од Гајтон и многу време ми одзеде, а имаше колеги кои учеа од скрипта само и положија со 10ки. Гајтон би ти советувала само за КВС да го користиш, ова другото од скрипта учи го.
Фала ти А за прв колоквиум исклучително од Гајтон ли се учи, бидејќи многу колеги ми кажаа немало ништо скратено?
Има една скрипта и за прв колоквиум ја има во копирниците, ама според мене е многу лошо напишана, нафрлани работи без да се објаснат, некои формули којзнае од каде изведени има, така да би ти рекла подобро од Гајтон спремај и од презентации.
Каква е таа потврда за редовно запишан семестар се мисли таа за редовен студент или некоја друга е? Исто 100 денари се плаќа, ова за стипендија прашувам