Мислам дека е истата за редовен студент, а исто така пишува и и кој семестар имаш запишано и дали си редовен студент на уверението за положени предмети
Денес на вежби за прва година демонстраторката рече дека може, до 3 кажа дека има некој секогаш, а за после тоа кажа дека не верува
Дали за колоквиумите од Анатомија 1 има потреба да се учи воведот од околу 120 страни, дали прашуваат нешто од тој дел, или пак навистина како што кажуваат на вежби од катедрата нема потреба да се учи? Се извинувам ако е прашано претходно, не можев да најдам одговор
Во практикумот имаш слики од препарати во боја кои ќе ти требаат за испит. Плус практикумот се користи за пато 1 и 2. Кога ќе го учите материјалот исто може и да се служите со webpathology има многу добри слики од макроскопски препарати. Поздрав
Мене асистентката која ме испрашуваше (истата ми беше и за прв и за втор колоквиум), ништо не ме праша од воведот, ама некои професори и асистенти подпрашувале. Така да, јас би ви рекла да го читнете бар, не е нешто сложено, доста општо е пишувано, еднаш бар поминете го.. Едит: Нормално, најмногу посветете си се на останатиот материјал, воведот нека ви биде спореден, не се заглавувајте со учење детали од него, доволно е да го прочитате.
И мене за вовед за нерви ме потпрашуваше професорката на прв колоквиум. Мислам и дека во принцип највеќе шанси има сега да ве прашаат нешто од вовед зошто брзо ви е учено, но не губете премногу време на него, само прочитајте си, секако материјалот главен ви е најважен.
Прашајте ја проф. Манчевска ќе ви даде кои точно поглавја од Гајтон, општо постојано кажуваат кои секогаш. Истата е Може кај нас дозволија Само бараат повеќе на колоквум анатомија 3 отколку на другите досега. Мускули, фасции, артерии, вени, кранијални да ги пееш (без патот во мозокот), јадрата исто (иако велат дека не ги бараат) особено кое какво јадро е со какви влакна, а и обавезно автономен систем и цервикален плексус, може да се каже само лимфа не прашуваат, буквално за секој дел прашање добиваш.
Dali profesorite online evidentiraat koj se uklucuva koj ne,nedelava sum vo zbrka ne vlegov na nitu edno predavanje MIF
Некој од постарите колеги што слуша интерна случајно да не ги купувал учебниците т.е трите тома од учебникот. Некој ми спомна дека било со нарачка мене конкретно ми треба том 2 каде што има хематологија па да знам дали можам да го земам од факс или мора да се нарачува.
Автоматски им излегува список од тимс кој кога се вклучил, исклучил. А за тоа дали водат евиденција и колку гледаат присуство, од катедрата треба да ви кажат. За неколку испуштени предавања не е страшно ако си присуствуваш на следните.
По старо еден колоквиум е само (фактички писмен дел на испит) кој ги опфаќа сите 7 теми. Најдобро прашајте ако имало промени.