А дали треба да се учи делот за осификација и внатрешната градба на секоја коска или повеќе да обрниме внимание на деловите од коската?
Делот за ткива и вака и така не им е толку детален ама делот органски системи, секакви можни детали има. Јас не сум на општа ама кај нас на тестот за органски системи имаше 30 праша сите на пишување буквално 10 прашања имаше за око и уво и најситните детали за нив, од дигестивен исто прашања за усните (работ нивни Vermilion) и од каде доаѓа нивната боја и др. глупи прашања. Ама не е тежок материјалот и се учи, но треба ептен да се пројде добро за да се опфатат што е можно повеќе детали. Една од подобрите катедри се Хисто, излегуваат во пресрет, редовно информираат, враќаат на мејл и средуваат со оценки во индекс и iknow релативно брзо.
Дали нуклеарна е услов за 4та? Знам дека едно време ја укинаа како условен , ама во студентскиот информатор ја пишува како услов.
Од каде е најдобро биохемија да се учи, само од Џекова и соработниците или и од Харпер? Некако во презентациите има многу работи кои ги нема во книга, а се нафрлани по слајдовите?
Јас воопшто не учев од презенатции, ни биохемија 1, ни 2. Само Џекова и Харпер, и тие скриптичките од професорките, и поминав супер.
Сите атласи ти се океј,како и да е повеќе ќе ти се во корист апликациите и јутуб. Има доста апликации кои што можеш да ги ротираш коските 3Д
Dali voved vo medicina ima prasanja vo fotokopirnicite kaj fakultetot za kolokvium i za ispit i dali navistina tie se pagjaat sekoja god? I med.psih. isto taka dali ima prasanja ili neshto?