фала многу..сеуште ја немам купено книгата затоа прашувам. да прашам уште само кои книги треба за анатомија? практикумот и што друго?
Практикумот не е задолжителен но може да си го спуштиш во пдф од фб групата..Инаку книгата ти треба само и некој атлас за подобро разбирање
Физио скриптата многу ми се свиѓа како е напишана и некако си почнав од тука да учам од почеток. Е сега, дали за колоквиумите прашањата ги даваат од скриптата или од Гајтон? Во темава од тоа што пребарав има поделени мислења, некои викаат од скриптата било доволно да се учи, некои пак не. Ме интересира и за презентациите, дали ги учевте и нив или пак само од скрипта/Гајтон учевте?
Доволно е скрипта, според мене Гајтон е повеќе ако самоиницијативно сакаш плус да научиш, или ако ти е нешто нејасно од скриптата, па да читаш Гајтон.
Колеги, за патологија, од скриптата, дали треба апсолутно сѐ да се учи, или има некои теми/лекции кои не треба?
Од скриптата да се треба, и онака е помала. Води се според презентациите ако ви се дадени. Плус ако предава нешто проф. Магдалена нејзиното обавезно од Робинс.
Од гајтон е дефинитивно подобро, во скриптите од катедрата се е копија од гајтон, само со скратени работи и нејасни делови кои не се убаво поврзани.Е сега ако немаш време за нешто, како и да е можеш само и од скрипта, ама мој совет не е само на нејзе да се ослониш.
Јас имав прашања Презентациите ти се водич што од скрипта, што од Гајтон. Можеш да поминеш и со само скрипта, се положува има положени деца, но се случува да имаш есејско што го нема во скрипта, а во Гајтон го има. И ако нешто не разбираш, нејасно ти е, сакаш поодетално тогаш за тоа Гајтон.
Здраво,дали вовед по анатомија треба да се учи и да се посвети внимание околу тоа или се почнува од анатомија на рака?
Почни од рака, тоа ти е најбитно да го знаеш. Паралелно да ти се разјаснат работите читај и од воведот, некои професори знаат да прашуваат и од таму.