Потежок од усното. Има некои ситници кај тие прашања на заокружување, како ситни гранки на артерии и нерви. За мускулите и зглобовите имаш табела. Даден ти е името на мускулот и ти да напишеш двата припои, функција и инервација. За зглобовите дадено ти е име на зглобот, да пишеш зглобни површини, лигаменти, тип на зглоб и функција.
Здраво. Првиот колоквиум по Физиологија1 ни е за КВС, хомеостаза, циркулација... Какви се колоквиумите по физиологија, на што повеќе да обврнам внимание?
Квс, циркулација и мускули Колоквиумите се средни, есејски прашања и на заокружување, есејските сакаат да се добро одговорени, клучните работи да бидат опфатени, а тие на заокружување бараат да подразмислиш, треба да е сфатен материјалот за да ги решиш
Дали може некој да ми прати како изгледа потврдата за трансакциска сметка што треба да се скенира затоа што ми кажаа дека не треба да се скенира самата картичка туку некоја потврда за трансакциска.
можеш да ја скенираш и картичката, битно е да ја има трансакциската и на чие име е. Тоа што го бараат е онаа картичка со твои податоци што ти ја даваат во банка кога вадиш сметка, меѓутоа не прават проблем и со скенирана картичка.
Не знам дали некој претходно го има ова прашање поставено, но дали некој знае која е разликата меѓу 6то и 7мо издание од атласот на Netter?
Сакав да ве прашам дали знаете дали е ограничено колку пати се презапишува некој предмет? Прашав претходно ама добив само еден одговор
Dali treba da se uci za gradba na koskite i nivna osifikacija, odnosno dali ima prasanja za toa na pismeniot test i na usnoto, bidejki demonstratorkata na vezbi rece deka ne treba da ucime toa, tuku samo delovite na koskite?