https://www.webpathology.com/ ne sum sigurna, no mozebi ovie bi ti pomognale https://www.pathozoom.com/
Pathology guide/WebPath https://webpath.med.utah.edu/ Оваа страна мене многу ми помогна, имаш и general и systemic pathology. Со среќа
Колку максимум бодови се освојуваат на прелиминаторен Анатомија 1, со колку е доволно за да се оди на усното полагање и какви прашања се паѓаат конкретно за прв колоквиум за рака?
10 се најмногу, со 6 се положува Имавме две табели, едната беше три зглоба да напишеш за нив зглобни површини, лигаменти и функција, а другата 5 мускули да напишеш припои, инервација и функција, 12 прашања на заокружување во кои имаше се, доста детали
Треба да се знае за секоја коска на шаката детално, или доволно е да се знае која на кој дел припаѓа?
Па добро, по 0,5 поени ли си носат сите прашања посебно штом толку материјал ставаат а има максимум 10 бода
Да, најчесто тестови што имаат по 10 бодови а имаат 20 прашања секое носи по 0,5 бодови ако не и помалку некаде. Бодовите тука не се исти ко средно тука за 1 бод да паднеш е како во средно за 3-4
А за усното анатомија за колоквиумската недела дали си имаат некој принцип како испрашуваат? Или пак ти даваат коска и да кажиш се можно за неа? Ии дали даваат да се спремиш некоја минута пред да одговараш? Извинете стварно многу прашања имам
Извини, не сум општа медицина. Оставам на ова некој од колегите да одговори. Како и да е, не се стресирајте предвреме и одете самоуверени и спремни и да паднете ништо страшно, на усно се малце специфични и знаат да наоѓаат маани, се е сплет на околности и каква среќа ќе имаш. Со среќа и со лесно учењето.
За коски на шака не толку. Може да те прашат да ги наброиш само. Обично професорот ти дава коска и ти каже што бара да му покажеш. Секако прво треба да ја поставиш како е на телото, после да одредиш страни и рабови, а после може да те подпраша нешто. Кај некои професори се влечат прашања, а некои прашуваат. Добиваш едно прашање за мускули, за артерија и нерв обавезно, и може да ти се падне лимфа и вени, фактички од секој дел по нешто. Може да се подразмислиш малку, не е толку страшно.
А за нас што започнуваме со глава прво, какви се принципите на испрашување по Анатомија дали знае некој? На што да обрнеме најмногу внимание?
За студиската програма на логопеди се работи претпоставувам. Тестот е писмен , усмено нема освен на практичното. Е сега знам дека даваат баш детални работи од моја познаничка што е запишана на логопедија бидејќи имате остеологија , ангиологија , неврологија , миологија и плус органи во главата и вратот и сетилни органи. Обемен материјал е па треба континуирано учење.
Каков е завршниот испит Физиологија 1? Гледам се полага метаболизам , црн дроб, кожа, терморегулација (писмено)... И се полага практичен усмен дел. Каков е практичниот кој материјал се полага? Тоа на вежби што се работи ? Или цел материјал ?
Од главниот влез на државна болница кога влегуваш не знам дали имаш приметено десно пишува неврологија. Секогаш има луѓе се собираат пациенти надвор, има шалтер на прозорот отворено. Тука се оставаат индексите за оценка исто после од тука ќе си го земеш.
Обично се почнува со коска, правилно да ја поставиш, да кажеш страни, рабови, што елементи гледаш на неа, па после следат потпрашања од зглобови, мускули, нерви, артерии, лимфа, очекувајте од секој дел од матерјалот за колоквиум прашање, нема нешто што не може да го прашаат. Само многу е важно на почетокот правилно коската да ја поставите, ако тоа не го направите големи се шансите тука да ви заврши полагањето. Практичниот се полага од практикумот, добивате една вежба и задолжително добивате едно прашање од ЕКГ (може да ви се падне некој сегмент, интервал, QRS-комплексот или да нацртате оска на срце од дадено ЕКГ). И како што кажа колешката погоре, знаат да прашаат и од матерјалот од колоквиум, некои прашуваат поповршински од колоквиум, а некои професори и подетално бараат, зависи кај кој полагаш.