Здраво дечки Годинава сум матурантка и планирам да се запишам на медицинскиот факултет во Скопје. Имам прочитано дека треба да имаш над 97 поени . Јас лично сите години поминувам со просек 5.00 не е проблем , сакам да прашам како одат бодовите , во смисла ако се добие една 4 ка на матура од прилика колку бодови ќе имам .
Една 4ка на екстерен предмет значи 1 поен минус, многу значајни ти се перцентилите, ако сакаш медицина мора да си добро спремна за матурата да извадиш 5ки со што подобри перцентили
Здраво сакам да прашам дали некој доби повратен меил од Леорон фондацијата за потпишување договори за стипендија? На 30 септември пишуваше дека во текот на наредната недела ке добиеме подетални информации но сеуште нема ништо.
Дали треба УППИ за продолжување на стипендијата? Бидејќи на онлајн апликацијата нема простор за да се прикачи УППИ, има само за уверение за положени испити и потврда за редовен студент.
Јас ги давав во министерство и ми го земаа УППИ. За секој случај можеш да го прикачиш со другите документи.
Гледај рангот да ти е висок. Мене ми беше понизок од што мислев и добив 4ка и изгубив некои 4,6 бода. Македонски имав 98,80 ранг мислам нешто слично е после запирка, а англиски не памтам искрено.
Нема и нема ни потреба да купуваш атлас, тоа е само трошок. Имаш пдф верзии и најголема помош ќе ти се презентациите.
Наизменично одиш една недела на микроскоп и една недела на аутопсија. На микроскоп гледавме препарати, а во салата ни објаснуваше асистентката за некои од препарираните органи. Бидејќи беше прва вежба никој не не прашуваше, ама кажаа за од наредната да се подготвиме за да бидат интерактивни вежбите.
Сертификат дека си присуствувал. Дали е значајно то треба секој индивидуално да си процени. Од емса и ммса организираат често настани, мене само летната школа ми е добра али сепак тоа си е мое мислење. За настаните ако имаш некој случај да презентираш да али да си пасивен слушател не е ништо посебно освен губење време али пак ќе кажам то е мој став и добро е барем еднаш да присуствуваш на такво нешто да видиш што се случува