Лани кога полагавме ние тестот беше скоро се на дополнување со 5-6 на заокружување, прават повеќе комбинации, совет ми е учете си од книгата оти не знаете за каков детал ќе има прашање, истото важи и за хисто и ембрио
Да,да јас не сум ОМ но имам и миф и хисто што ги полагаме комплетно писмено. Тестот миф беше кај нас на заокружување и 2-3 прашања на дополнување додека хисто 2 теста полагавме еден ткива друг органски системи , ткива на принцип како миф а органски системи цел на пишување без прашања на заокружување. Сепак ќе кажам зависи од спецификата на предметот , миф најчесто е со заокружување во изобилство. Хистологија е каде каде пообмено од миф и тука даваат различни типови прашања со дефинирање , дополнување и заокружување.
Дечки, имам пишано одамна тука во темава. Јас со колегиве од група доколку има прашања во копирница како миф,оснир,хигиена,вовед,промоција,прва помош итд.. си ги купуваме по пола, по 10-20 денари даваме, и така има дупли страни, си ги делиме меѓу нас или некој ќе ги земе друв ќе сликне и така.
Дечки дали некој ја има Гајтон во пдф? Ако да, би ве замолила да ми ја пратите, не можам да ја најдам на гугл
Денеска микробиологија, утре имунологија, интерна, хирургија, патологија и оп дипломичка, а има будали што ќе учат.
Добро бе, не ви е срам вака јавно да барате вакви работи? Како да е микро квантна физика, па не сте способни да научите.
Како бе вака на јавни форуми барате некој да ви решава испит не можам да разберам. Општо рејтингов на факултетов секоја година тоне и тоне и се сведе тоа да се положува со препишување, прашања и секакви други далавери и изговори место да се загрее столот и да се научи. Искрено не знам зошто не се донесе некоја реформа и задолжително секој предмет (освен еве општествените) да има писмен тест и усмен испит без разлика дали станува збор за општа медицина или тригодишни студии. Еве пример да ви кажам немате појма каков кадар ќе продуцира факултетов нареднава година , ај тоа што нема практични вежби ама се сведе до тоа професорите да не третираат како ментално хендикепирани и да оставаат можност за такво масовно препишување што ќе резултира со продукција на неквалификуван, неук кадар кој после ќе треба да работи во здравството и да врши некаква здравствена дејност. Не сум говорел на оваа тема ама многу од мојата група поминаа година со масовно препишување и на онлајн тестовите а и со физичко присуство а притоа се запишаа со високи поени. И еве веќе втора година , има поединци кои не знаат основна морфологија на клетките , не знаат да објаснат одредени важни техники нити па да поврзат некакво знаење. Многу форсирав и на почетокот да има некаква настава со физичко присуство и да се следи напредокот на студентите ама не , нити колегите се заинтересирани за квалитетна настава нити пак факултетот од друга страна. Се се сведува на самосвест и самоподготовка , ма да на крајот многу ми е несмислено да излезе физиотерапевт кој нема да знае основна анатомија на човекот, да излезе медицинска сестра која предметот нега го поминала со препишување и незаинтересираност на вежби или да излезе лаборант кој нема да знае да прочита еден обичен резултат од клиничка биохемија/микробиологија/генетика итн... Срамота е ова да се прави поготово па на УКИМ кој е најстар универзитет и како таков треба да се придржува до неговиот статут и норми.
Тоа ти е всушност од кои рбетни нерви потекнува нервот и се учат со plexus brachialis. Има шанси да потпрашаат за да видат дали си сфатил и научил за плексусот.
Па на општа медицина 90% од испитите се со писмен дел, а потоа во сесија има усно, мн мал број на предмети се положуваат само со колоквиуми. Иначе секој учи индивидуално. Дур не сфатат дека учат за себе, а не само за да положат ќе има вакви прашања како што е за микробиологија. А дали некој препишвал, знаел, не знаел си е негово. Вервајте вашето знаење никој нема да ви го земе, и на крајот од денот тоа е најважно. Ова е факултет, а не средно па да се прават споредби.
Сплетот мора да знаеш од кои спинални нерви е пример c5, c6, дали е од предни гранки, задни, а секој нерв посбено не прашуваат точно од кои е
И јас да искоментирам по ова нешто. Колешка погоре кажа дека на општа медицина многу малку испити се полагаат писмено и тоа по предмети од типот вовед во медицина, промоција, ОСНИР, другите сите се усно. Другите испити сите имаат колоквиуми, па завршен практичен, па теоретски или обратно. Усните испити течеа и за време на пандемијата и пред неа, еве пример мојата генерација 2019/2020 трите анатомии ги полагавме со физичко присуство усно, физиологија исто, патофиза јунска сесија исто, дури и во периодот кога имаше и по 1500 заразени дневно,ние си полагавме на факултет. И професорите можам слободно да кажам дека не положуваа така лесно, баш дека онлајн полагавме колоквиуми, усните испити беа многу потешки од претходно. И јас не би се сложила со тоа дека ќе излезат лоши кадри од нашите генерации, е сега не знам за тригодишните студии, знам дека логопеди пример сите испити им се писмено и немаат колоквиуми, ама за општа медицина можам слободно да кажам дека на испитите се прави стално селекција на студентите и не се положуваат толку лесно, па и не се дипломира толку лесно. Се ти е на место шо си пишал, ама за жал ќе мора да се прилагодуваме на некои работи како што тече ова ново време, а на крај краишта секој си учи за себе и еден ден истиве тие кои не учеле за време на студии ќе се брукаат пред пациентите, оние кои учат нема. Да напоменат и дека оние што сега не учат на онлајн наставата, многу е веројатно и дека во нормални услови пак нема да учат.