Да да, ОМ е друго меѓутоа на ТСС е друга приказна. Општо професорите не се замараат многу дури и намерно олеснуваат со цел да имаат помалку работа. Секако дека не ме интересира Петко Станко колку учат но ме иритира третманот од професорите како да работат со лица со посебни потреби а не со нормални студенти кои можат да седнат и да загреат стол. Презакажувања на физички испити на онлајн со време доволно да напишеш роман, попуштање со бодови и ценкање како на пазар, правење слепи на препишувањата во амфитеатар и вадење телефони и др. работи се дел од глупиот трул систем кој воопшто не им прави корист туку им дава "храброст" дека се е лесно во животот и дека не треба да се замараат со ништо и еве вака да си бараат "будали" што учат да им решаваат испити.
Точно секој си учи за себе, ама да не заборавиме дека утре можеби мој, твој роднина и било кој човек ќе се лечи кај нив, па недај боже да ти се падне некој кој што со препишување завршил школо. Затоа имаме неквалитетен кадар, а тоа може да се забалежи и колку има смрност кај нас моментално со корона и колку луѓе ни изумреа поради нестручност. Има и од ОМ што препишуваат и купуваат дипломи, буквално,е сега некој ги знаеме кој се, некој не ги знаеме, тешко на тој што ќе го лечат тие кадри.
Епа студирањето е индивидуална работа, тоа е. Секакви студенти имало, има и ќе има , тука ние како студенти ништо не можеме да смениме. Ќе се навратам пак на една тема пред неколку месеци што беше дискутирана, дека промена на концептот на матурата и приемот на студенти на медицински факултет само ќе даде квалитетен кадар, а не и кој треба и кој не треба да се запишува и да завршува. Ако ова не се смени, џабе е колку и ние да дискутираме тука, сите знаеме какво е.
структурни карактеристики на еукариотските клетки треба цела да се научи за првиот колоквум? и дали помагаат презентациите или треба многу подетално да се учи од книгат?
Од вежбата физиологија за жабешко срце пишува испитно прашање дека е дејството на температура врз жабешкото срце. Ме интересира дали на испит физиологија 1 сте биле нешто прашани од оваа вежба и на што поточно да се обрне внимание за учење од неа? Дека во практикум се повеќе примери како да се изведе вежба во physio ex и нема многу објаснето особено за делот за температура како влијае, па од каде учевте за тоа и дали на испит некој го прашале нешто од вежбава и друго освен тој дел што е наведен како испитно прашање ?
Научи го тоа што го кажуваат на вежбите асистентите за тоа како влијае температурата на работата на срцето. Ако ти се падне таа вежба, што мислам дека и не ја прашуваат има шанси да ти постават прашање од колоквиуми за да не ти е краток одговорот.
Цела книга, ние немавме презентации не ги даваа тогаш така што јас без презентации поминав Дали ќе си прашана оваа вежба зависи од тебе што ќе извлечеш бидејќи кај скоро сите се влечи. Ќе треба да раскажуваш тоа што ви го објаснувале на вежби и што се прави на physio ex, што резултати има, како влијаела температурата, како јоните. И таа табелата со симпатикус и парасимпатикус од оваа вежба во сон за испит да ја знаете.
@Glowy ти кажа веќе, еве и јас ќе ти кажам да си фатиш убави белешки од вежбите што ќе ги имате, баш конкретно за таа вежба,пошо иако изгледа мала, професорите знаат многу потпрашања да постават од неа. Особено проф Манчевска, често знае од оваа навидум кратка вежба да те заглави во ЕКГ, па и ти да се чудиш како воопшто стигнало испрашувањето до таму.
@MeredithGrey снимајте ги вежбите барем тие дозволуваат, искористете тоа што невакцинираните секоја вежба онлајн ја следат, така за секоја вежба снимка ќе имате
Dali koga prasuvaat delot za osteologija baraat i togash da se kazhat pripoite na muskulite za delovite na koskite, ili pak samo delovite na koskite i nivnata postavenost ja prasuvaat? Izvinete shto sum dosadna
Може да те прашаат припои на самата коска, прво поставеност бараат, па делови и зависи кој што ќе праша
Ја прашаа професорката, таа кажа дека македонска литература специфично од катедрата нема. Таа препорачува некое белградски издание ако можеме да учиме на српски, тоа било најдобра варијанта. За македонските книги рече само ќе се губиме по нив. А сме можеле и од англиски книги ако го знаеме јазикот. Исто и рече од презентациите да се водиме покрај книгата.