Дали јас добро прочитав на Конкурсот или стварно сериозно годинава се примаат 250 у државна и 100 у приватна на општа или е некоја грешка?
@srcence1607 Да, 250 државна. Што е со покачувањето?? П.с. предметиве како што се информатика и промоција на здравје, се нешто полабави??
Промоција на здравје е океј предмет, според мене само глупости ама океј. Не е тешко за учење плус има и прашања во една книжара (Жетвар, таму имате прашања скоро по сите предмети добро е да си ги учите и прашањата и материјалот за секој случај, затоа што навистина има некои професори кои не ги менуваат прашањата и се истите по неколку години), ама професоритеза овој предмет не ми се свиѓаа, целосно непрофесионални. А за информатика, ако сте од гимназија ќе ви биде лесно дека има многу малку материјал за учење, поголемиот дел беа задачи за просек, линеарна корелација и сл. Имате предметни програми за сите струки на страната на медицински (со исклучок на фармација и стоматолошки, затоа што тие се посебни факултети и си имаат свои веб страни) под наставна дејност.
@Arja Ти благодарам многу на информациите, стварно си ми од помош )) Да, ги разгледав линковите од страната, како и предметите што ке ми бидат. Мене ми е повише да се фатам за овие задолжителните предмети, тука да се фокусирам најмногу.
И мене ме зачуди, ауу која елиминација ќе биде ова, коа ќе ги испобутаат Иначе збориме за општа или тригодишни стручни? во врска со предметиве
Промоција на здравје и информатика се општи предмети, за сите струки. Единствената разлика е што општа ако сакаа 10ка по промоција на здрваје требаше да полагаат на англиски а учебникот е на македонски ахахха, малку се шлакнати. Ќе видите и самите
Јас студирам на општа и знам како полагавме промоција само не знаев дали и за тригодишните бараат толку со ситници и небитрни ствари. Мислам добро материјалот е тој, само што Дончо многу претерува и многу бута по некои лудачки принципи негови Среќа ја кај Моме секад полагав и за Вовед па супер поминував без замарање
Дали некој може да ми даде повеќе информации за отсекот физиотерапевт на медицинскиот факултет во скопје.
Да, и мислам со големи шанси за државна квота. На тригодишните обично примаат со многу ниски поени. Лани беа примани и со 60-
Јас имав околу 91 поен лани, и баш сакав да се запишам на општа ама се предомислив. И баш памтам дека ги гледав списоците и последните што беа во државна имаа сигурно повеќе од 93-4 поени затоа што знам си се тешев дека и онака немаше да ме примат во државна а за приватна немаше шанси да се запишувам хахаха
Јас имам 84,012 и за тоа не ми се ризикува, од друга страна дека треба да има одреден број примени од друга националност сакам да се обидам
Тоа со националноста зависи, познавам луѓе кои сакаа да се обидат баш на основа на националност и не беа примени, а инаку за бодовите секоја година варираат па тоа може да ти игра улога, со твоиве бодови е невозможно да влезеш во државна квота, а за во приватна е пак ризично ако има повеќе пријавено со над 90 бодови.
Не знам за тоа со националностите, ама прилично малку бодови имаш.. можеби ако имаш полагано англиски, хемија, биологија на матура со тоа нешто повеќе бодови да ти дадат, дека зависи има нели одредени предмети од матура што се бараат на секој факултет посебно, на медицина ги бараат англиски, хемија, биологија.